Се очекува богата жетва, ќе се заштити ли цената на пченицата?
Објавено во: Агробизнис 10 Јуни, 2016 19:51
Во пелагониско годинава се очекува рекорден принос на пченицата или 5.000 тони по хектар.
Секоја година производителите имаат проблеми со формирањето на откупната цена на пченицата.
Ресорното министерството ќе ја заштитува откупната цена на пченицата со три конкретни мерки.
„Оваа година од засеаните 80.000 хектари очекуваме рекорден принос од околу 300.000 тони пченица, нешто што не се случило во изминатите 10 години. Секогаш во овој период од годината земјоделците се соочуваат со проблемот околу откупната цена на пченицата и затоа уште сега во договор со нив преземаме мерки да ги заштитиме“- изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков.
Како превентива се планира складирање, откуп на пченица за државни резерви само од македонско потекло и ако производната цена е повисока од откупната да има интервентен откуп со кој ќе бидат опфатени поголем број на стопнаства.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





