Се очекува каллив дожд
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2018
Врнежите прво се очекуваат во Хрватска, а не е исклучено до крајот на следната недела овој дожд да почне да паѓа и во другите држави од регионот.
Хрватскиот хидрометеоролошки завод објави дека оваа недела постои можност за така наречен каллив дожд.
„Калливиот дожд не е опасна временска појава, па по правила не се издаваат посебни метеоролошки предупредувања, а често неговата појава ја нема ниту во редовната временска прогноза. Најчесто се споменува како метеролошки интересна појава“, наведуваат од ДХМС во своето соопштение.
Дождот остава најчесто смеѓи или жолтеникави траги на површината или изложените објекти, а освен каллив дожд се нарекува уште и жолт дожд, крвав дожд или обоен дожд.