25 Ноември, 2024
0.0276

Се очекува намалување на каматните стапки

Објавено во: Економија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Намалување на каматните стапки на претстојните состаноци на централната банка

Некои стравувања дека најважните централни банки би можеле повторно да ја заострат својата реторика со оглед на најновите, нешто понеповолни податоци за инфлацијата, не се остварија. Креаторите на монетарната политика ги израдуваа пазарите со директни предвидувања за намалување на каматните стапки на претстојните седници и му дадоа дополнителен поттик на главниот берзански индекс.

ФЕД очекува три намалувања на каматните стапки до крајот на оваа година

ФЕД ги задржа каматните стапки на нивото меѓу 5,25% и 5,50% петти пат по ред, но и покрај лепливата инфлација и економиите со висок обртаи, сепак очекуваат три намалувања на каматните стапки од по 0,25% до крајот на оваа година. Дополнително, претставниците на американската централна банка во моментов прогнозираат дека основната каматна стапка постепено ќе се намали на околу 3% до 2026 година, што би значело дека сме пред почеток на подолг циклус на олеснување на монетарната политика, што има поволен ефект на берзата. Но, инфлацијата се покажа како непредвидлив економски феномен низ историјата. Ниската невработеност и сѐ уште силната економска активност во САД, во комбинација со растот на цените на пазарите на суровини, се фактори кои би можеле донекаде да ги комплицираат сегашните, прилично оптимистички очекувања во однос на инфлацијата и политиката на централната банка.

Швајцарската централна банка веќе започна циклус на намалување на каматните стапки

Активни беа и другите централни банки. Пред се, се издвојува одлуката на швајцарската банка, која како прва од важните централни банки во развиените западни економии, веќе го започна циклусот на намалување на каматните стапки. Инфлацијата во Швајцарија девет месеци е под 2%. Според тоа, клучните каматни стапки се на 1,50%, значително пониски отколку во САД и еврозоната. Во последниот период домашните индустријалци извршија значителен притисок врз намалувањето на каматните стапки во Швајцарија, бидејќи силниот франк негативно се одрази врз извозниците. Банката на Англија ги задржа каматните стапки непроменети, но како САД и Европа, британските централни банкари планираат намалувања во наредните месеци. Инфлацијата во Обединетото Кралство во февруари изнесуваше 3,4% на годишно ниво.

Позитивно изненадување беа првите проценки на водечките показатели за економската активност

Првите проценки на европските PMI индекси (водечки показател за економската активност) беа позитивно изненадување, кои во март ги надминаа прогнозите на економистите втор месец по ред. Композитниот индекс (пресек на активноста во производството и услугите) изнесуваше 49,9, што укажува на минимална контракција на економската активност (границата меѓу растот и намалувањето е 50). Вредноста беше највисока од јуни минатата година. Но, разликата меѓу услужните и производните активности се зголеми малку во споредба со февруари. Активноста во услугите е во зоната на раст втор месец по ред, од друга страна, показателот во производните активности бележи пад и од јули 2022 година е под границата од 50. Со успорување на инфлацијата, растот на реалните плати во еврозоната е повторно позитивен, што во комбинација со пониски каматни стапки во следните месеци би можело да помогне за постепено заживување на економскиот раст. Релативно ниските очекувања на светските инвеститори за растот на работењето и профитот на европските компании во 2024 година се позитивни и за европските пазари на капитал. Но, издржливоста на бизнисот и особено маржата сугерира дека инвеститорите се премногу песимисти и го потценуваат потенцијалот за раст на европските берзи.

Економската клима во Кина сè уште не дозволува поконкретно закрепнување на берзанските индекси на пазарите во развој

Економската клима во Кина, барем засега, не дозволува конкретно закрепнување на берзанските индекси на пазарите во развој. Некои економски податоци, како што се индустриското производство и продажбата на мало, навистина укажуваат на малку подобра слика, но пред сè, проблемите во секторот на недвижности продолжува да го спречува прекумерниот оптимизам. Кинескиот јуан покажува знаци на слабост во однос на доларот, но централните власти повторно интервенираа на пазарот со реторика, обидувајќи се да ја задржат валутната врска во очекуваниот коридор. Како што ни покажува минатото економско искуство, кинеските власти можат да го продолжат овој трик уште некое време, но ако економијата не се покаже во поцврсто светло, тогаш тие не можат да го задржат јуанот ниту во сегашниот однос кон доларот.

Краткорочен врв на приносите на пазарите на обврзници и помал пад на бараните приноси во следните месеци

Централните банки предизвикаа значителни движења на пазарот на обврзници. Бараните приноси на обврзниците се зголемуваа во поголемиот дел од годината досега во услови на леплива инфлација и доцнење со намалувањето на каматните стапки, но минатата недела опуштените тонови на централните банкари предизвикаа пресврт. Бараниот принос на 10-годишната германска обврзница минатата недела падна од 2,45% на 2,33%, додека сличниот американски на 4,23%. Забележавме барем краткорочен врв на приносите на пазарите на обврзници, а може да очекуваме помал пад на бараните приноси во следните два месеци.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Централните банки продолжуваат да ги држат пазарите во неизвесност. Намалувањата на каматните стапки се оддалечуваат бидејќи економскиот раст останува стабилен, но нерамномерно распределен, а инфлацијата е нешто полеплива од очекуваното. Пазарите на капитал очекуваат побрзо и поголемо намалување на каматните стапки отколку што предвидуваат централните банки, а тоа се оправдува со макроекономските податоци. Овој јаз во прогнозите и очекувањата претставува ризик за пазарите и може да донесе корекции на истите. Технолошките мегатрендови особено ја одржуваат берзата привлечна за инвеститорите.

Пазарите на капитал ќе бидат под поголемо влијание на претстојните претседателски избори во САД. Конкретно Трамп веќе ја вознемирува јавноста надвор од САД со своите најави за значително поизолационистичка политика и нови трговски ограничувања, особено во односите со Европа. Сите три работи, политиката на централната банка, претстојните избори и слабиот економски раст во некои региони носат неизвесна прва половина од годината на пазарите на капитал, што ќе можат да ја искористат инвеститорите кои знаат и умеат да гледаат надвор од краткорочните флуктуации. Долгорочните технолошки, економски и социјални трендови остануваат клучни.

Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски и комбиниран фонд како што е Генерали Америка и Генерали Топ Брендови и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Одржуваме диверзифициран пристап со периодични зголемувања на инвестициите. Низ историјата, ова се покажа како најдобриот пристап, бидејќи го избегнува ризикот од купување на инвестицијата на врвот.

Здравството останува поволно вреднувано, а во исто време се поврзува со некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелина. Технолошките акции, особено на големите светски компании, остануваат високо вреднувани и се почесто го слушаме зборот меур. Технологијата претставува натпросечен раст во структурата на целиот пазар и на тој начин ја одржува инвестициската атрактивност, додека во исто време вреднувањата не се на нивоата што ги видовме во минатите меури. Околу фондот Генерали БРИК, одржуваме шпекулативна препорака за купување бидејќи сè уште веруваме дека кинеската централна влада ќе биде принудена да направи многу повеќе за да ги смени лошите економски трендови и пазарот брзо и силно ќе реагира на оваа вест. Последните движења покажуваат дека дека сме во процес на формирање на дното бидејќи макроекономските податоци донекаде се подобруваат, иско како и довербата на потрошувачите. Овој процес може да потрае со месеци, а како што се приближуваат изборите во САД, нестабилноста веројатно ќе се зголеми, но исто така се зголемува и можноста кинеските креатори на политиката конечно да направат некои проекономски потези.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување