05 Декември, 2025
0.0277

Се очекува одлична жетва во Унијата, исклучок ќе биде Велика Британија

Објавено во: Агробизнис 02 Март, 2013 17:30

Добивај вести на Viber

Оваа година жетвата на житни култури ќе биде подобра во споредба со минатата година, прогнозира Европската комисија (ЕК). Според најавите, зголемувањето ќе биде во рамките на околу 5,6% односно 287,6 милиони тони. Од 1 јули на Унијата ќе и се приклучи и Хрватска, од каде ќе се слеат уште 291,1 милиони тони жито, посочуваат од Комисијата. Вкупно посеани во 2013 година со житни култури се 56,9 милиони хектари, што пак е раст од 0,2% во споредба со претходната 2012 година. Очекувањата се дека родот од хектар ќе биде околу 5 тони. Високите цени во 2012 година поттикнале многу земјоделци да се ориентираат кон житните култури. Врз основа на добрите очекувања за жетвата оваа година, според прогнозите на Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) при ОН ќе има намалување на цените. Речиси во цела Европска Унија условите за посевите во оваа фаза се добри.Единствен исклучок е Велика Британија, каде жетвата беше посевите се погодени од обилните врнежи. И земјоделците во САД се соочуваат со проблеми од обилните дождови, откако претходно повеќе сојузни држави се справуваа со последиците од сушата. Токму овој факт може да влијае на раст на цените, посочуваат аналитичарите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?