19 Декември, 2025
0.0562

Се очекува поларен студ, бездомниците ќе бидат згрижени

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2017 16:22

Добивај вести на Viber

Деновиве бездомните лица ќе бидат згрижени затоа што се очекуваат температури и до -17 степени. 

Министерството за труд и социјална политика, зедно со центрите за социјална работа и општинските организации на Црвениот крст ќе ги евидентираат сите бездомни и лица во ризик. Нив времено ќе ги сместат во двата прифатни центри во Момин Потик и Чичино село. Оние семејства кои имаат деца помали од три години ќе се сместуваат во „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“.

Доколку се јави потреба за сместување на лица надвор од Скопје, во соработка со МОН ќе бидат отворени училишните интернати. Aко некој има потреба за згрижување или пак некој граѓанин забележи лице на кое тоа му е потребно може да се пријави на бројот 195.

Сузана Тунева-Пауновска од Црвениот крст на град Скопје вели дека тимот за одговор при катастрофи веќе е мобилен.

„Четири тимови работат 24 часа. Во секој тим има парамедик, социјален работник, и логистика. Се работи за обучени лица во природни непогоди. Залихите храна, хигиена, ќебиња, топла облека, напитоци со кои се располагаме се веќе дистрибуирани до локалните организации на Црвениот крст во регионите каде се очекуваат ниски темпратури“-к ажа таа. 

За поддршката на бездомниците, рече дека на дневна основа сега има згрижување на 8 до 10 лица.

Ова се дел од мерките за чие спроведување се договориле на денешната средба претставници на МТСП, Црвениот крст и Центрите за социјална работа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки