29 Март, 2024
0.0255

Се одржа “Freelance Conference” - првата домашна конференција за фриленсери

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден, за прв пат во нашата држава, беше организирана “Freelance Conference” - конференција која на едно место ја собра фриленс заедницата и најважните институционални чинители во фриленс еко-системот.

Повеќе од 200 посетители и учесници проследија пет различни панели на кои беа отворени и дискутирани различни прашања и аспекти од исклучителна важност за дополнителниот развој на фриленсингот во нашата држава, беа воспоставени директни контакти со претставници на клучните институции и беа промовирани пристапи за градење на успешна фриленс кариера.

Во првиот панел на кој учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, УЈП и Управата за финансиско разузнавање, беа дискутирани законските и административни рамки во кои се утврдува односот помеѓу државата и фриленсерите.

„Секој фриленсер кој соработува со некоја домашна компанија нема обврска за пријавување на данок на доход од извршена работа - бидејќи тоа е обврска на домашното правно лице, но тоа е исклучително нивна обврска до секој 10-ти во наредниот месец кога активностите кои се извршуваат за странски лица мора да се пријават. Со новиот систем на УЈП за Електронска пријава преку е-пдд овој процес е исклучително забрзан и целата работа со пријавување и плаќање може да се заврши за неколку минути“, рече претставникот на УЈП.

Претставникот на Управата за финансиско разузнавање упати и неколку совети за фриленсерите и потенцираше на што тие мора особено да внимаваат: „Секое користење или релокација на добиени средства од странство кои не се пријавени и за кои не е платен данок се смета за нелегална активност и може да подложи на предвидените одредби за перење на пари. Ова е нешто на што секој фриленсер мора особено да внимава и да не дозволи да биде злоупотребен од „професионалните перачи на пари“.“

Во вториот панел, посветен на здравственото и пензиско осигурување на фриленсерите, учество зедоа Александар Манев (Кроација Осигурување), Марина Ѓурѓовска (ПроКредит Банка), Васко Богдановски (САВА Пензиско друштво), Горан Мартиноски (КБ Пензиско друштво) и Никола Бубевски (Native teams) кои со присутните ги споделија опциите кои се најповолни за успешно остварување на здравствените услуги и обезбедувањето финансиска сигурност во пензиското доба.

„Во овој момент законодавецот го ограничува користењето на приватно здравствено осигурување ако притоа немате државно здравствено осигурување, но осигурителните компании за фриленсерите можат да понудат и многу други производи со кои можат да ги пресретнат нивните потреби во оваа насока“ - рече Алексадар Манев, извршен директор на Кроација Осигурување.

„За Вашата пензија треба да почнете да размислувате уште денеска. Има некое непишано правило кое вели дека процентот кој треба да го одвојувате од вашите моментални примања за пензиските денови, не смее да биде помал од бројот на Вашите години поделен со 2“ - потенцираше Горан Мартиновски, раководител на Сектор за управувања со средствата во КБ Пензиско друштво.

Во Третиот панел на конференцијата учествуваа Филип Петровски (Дата мастерс), Крсто Златков (Институт за дизајн и технологија), Ивана Циплаковска (Семос едукација) и Стефан Смилјаноски (Бреинстер), кои ги дискутираа најважните трендови во делот на едукацијата и водечките вештини кои во моментов се препознаени како неопходни на фриленсерскиот пазар на трудот.

Четвртиот панел пред присутните ги донесе искуствата и научените лекции на неколку познати домашни фриленсери како Слободанка Митревска, Горан Атанасовски, Медина Хоџа и Блаже Спирески, кои споделија за нивните почетоци, први клиенти, важни аспекти на кои треба да се внимава во односот фриленсер-клиент, но и за сите позитивни и негативни искуства кои им ги донело фриленсерството.

„Иако локацијата на работа може да биде било каде, фриленсингот дефинитивно не е „работа во пижами“ и мора да се сфати како и секоја друга сериозна работа со строго почитување на работното време, договорените рокови и квалитет на испорака“ - се согласија панелистите.

Во последниот, петти панел, посветен на „Социјалната инклузија во фриленсингот“, дискутираа Моника Ризовска, Игор Маџов и Ангела Митриновска,кои отворија важни прашања за вклученоста и потребниот диверзитет кои фриленсингот ги носи, актуелните иницијативи кои се достапни за вклучување, но и идните предизвици на кои мора да се посвети особено внимание.

“Freelance Conference” покажа дека во нашата држава има исклучително мобилна фриленс-заедница која е спремна да земе активно учество во обликувањето на домашната регулатива прилагодена за новите глобални текови на фриленсингот, но и соодветна улога во создавањето на нови генерации фриленсери кои се спремни да учат и своето знаење да го применат во развојот на домашната и глобалната економија.

Конференцијата беше организирана како дел од RECONOMY програмата - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Impact Foundation и други организации во Источното партнерство и земјите од Западен Балкан.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење