Се одржа традиционалниот новогодишен базар на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“
Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2016 11:26
Во петокот (23.12) се одржа традиционалниот новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ под мотото „Ден за насмевки“, оваа година помогнат од Direct Media Skopje и Ramstore Mall.

На настанот беа изложени прекрасни ракотворби со новогодишен мотив изработени од учениците - честитки, украси како и многу вкусни новогодишни колачиња. Материјалите, што им беа потребни на вредните деца за ракотворбите, ги обезбеди Direct Media, додека Ramstore Mall отстапиизложбен простор во детското катче на трговскиот центар.

Целта на овој добротворен настан беше да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие деца и нивните семејства. Големата посетеност во целост ги оправда очекувањата. И навистина беше ден за насмевки, како за посетителите така и за учениците.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




