СЛАВИМЕ РОДЕНДЕН ВО ДИСКО СТИЛ – ИСТ ГЕЈТ МОЛ ГО СЛАВИ СВОЈОТ ТРЕТ РОДЕНДЕН
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2024
Овој викенд, на 1,2 и 3 ноември 2024 година, Ист Гејт Мол го прославува својот трет роденден. Роденденската забава оваа година е повторно тематска, во диско и ретро стил.
“Уникатноста е нешто што не двои и не прави поинакви.
Оваа година решивме повторно да направиме тематски роденден и да го прославиме
во ретро и диско стил заедно со најдобрите македонски диско диџеи Вера Јанковиќ
и Драган Б. Костиќ кои ќе се погрижат атмосферата во трговскиот центар да биде
на највисоко ниво. Забавата во петок ќе започне од 17 до 20 часот, додека во
сабота и недела ќе трае од 13 до 19 часот.
Оваа година го вратиме диското во едно поинакво време, барем за еден викенд
претварајќи го трговскиот центар место за забава и дружење во ретро стил.” –
изјавиja од
менаџментот на трговскиот центар.
Роденденскиот викенд, покрај музика и декорација од 80-тите ќе биде исполнет и со возење на ролшуи со посетителите, диско танцување, наградни активации, ретро аеробик, култни ретро филмски сцени со изведба во живо, слатки изненадувања за најмалите и многу други активности.
Ист Гејт Мол ги отвори вратите за посетителите пред точно 3 години, и денес трговскиот центар е омилена дестинација на огромен број на посетители во државата и соседните земји.
Изминатите 3 години, трговскиот центар склучи договор со нови и уникатни брендови, се организираа голем број на настани, изложби, соработки со компании, здруженија и амбасади, спортски настани и многу други активности кои го прават трговскиот центар прв избор за посетителите.
ПР објава