ВФП Етикс Акции - нов инвестициски фонд на пазарот
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2024
Во индустријата за управување со средства, иновациите им овозможуваат на компаниите не само да останат конкурентни, туку и да ги зголемат нивните способности за подобро разбирање и исполнување на потребите на клиентите.
ВФП Фонд Менаџмент е лидер во индустријата мерено по средствата со кои управуваат, поставувајќи стандарди во иновации, одржливост и клиентско искуство.
Со основањето на новиот отворен инвестициски фонд ВФП Етикс Акции, ВФП Фонд Менаџмент повторно донесе нова иновација и отвори нова можност за инвестирање во фонд кој е прв од овој тип во Македонија и регионот. Неговата инвестициска политика е насочена кон вложување во компании со добри фундаменти кои се во согласност со шеријатските принципи на вложување на средствата, паралелно следејќи принципи кои промовираат одржливост и општествена одговорност.
Агрон Мустафи, лиценциран инвестициски агент и член на Етичкиот Одбор на ВФП Етикс Акции, во интервјуто детално одговори на нашите прашања, споделувајќи ги своите размислувања за етичкото инвестирање и визијата на новиот фонд.
Како започнавте со креирањето на ВФП ЕТИКС АКЦИИ и што беше инспирацијата?
Идејата за креирање на ВФП ЕТИКС АКЦИИ започна од директното искуство со нашите клиенти. Забележавме голема побарувачка за инвестициски можности кои ги почитуваат етичките и шеријатските принципи. Нашите клиенти бараа алтернативи кои ќе ги усогласат нивните инвестиции со моралните вредности што ги имаат. Откако добивме поддршка од менаџментот за идејата, заедно со колегата Сауд Шкријел, како и г-дин Неби Џемали – директор на финансии наЈугоисточно- Европски Универзитет во Тетово, решивме да го развиваме проектот. На терен увидовме дека заинтересираноста за фондот беше значителна, што ни даде дополнителен мотив да продолжиме понатаму.
Што го прави ВФП ЕТИКС АКЦИИ уникатен на пазарот?
Она што го прави ВФП ЕТИКС АКЦИИ уникатен е неговата посветеност на етичките и шеријатските принципи. Ние внимателно бираме во кои компани и инвестираме, исклучувајќи сектори како алкохол, коцкање, конвенционални финансиски услуги и други кои не се усогласени со овие принципи. Дополнително, фондот ги следи строгите ESG стандарди, што го прави одличен избор за инвеститори кои бараат можности за вложување во одржливи и општествено одговорни компании.
Колкава е заинтересираноста на клиентите за ваков вид на фондови?
Од самиот почеток, заинтересираноста е голема. Клиентите го препознаваат квалитетот и долгорочната стабилност на овој вид на инвестирање, особено затоа што нуди дополнителна етичка и шеријатска посветеност. Се обраќаме не само на муслиманската заедница, туку и на сите инвеститори кои сакаат да вложуваат во компании што ги почитуваат моралните и етичките стандарди.
Каква улога игра Етичкиот Одбор во ВФП ЕТИКС АКЦИИ?
Во склоп на друштвото функционира и Етичкиот одбор, составен од реномирани личности од финансискиот сектор и деловната заедница. Овој тим има задача да го потврдува инвестициското портфолио, обезбедувајќи дека сите инвестиции се во согласност со шеријатските и етичките стандарди. Во блиска иднина, планираме да вклучиме и други експерти кои дополнително ќе ја зајакнат оваа структура, со што ќе се одржува високото ниво на професионалност и одговорност во управувањето со средствата.
Како се одбираат компаниите во кои се инвестира?
Компаниите се одбираат според строги критериуми. Инвестираме исклучиво во компании со пазарна капитализација над 2 милијарди евра, кои имаат солидни фундаменти и исполнуваат високи етички стандарди. Исклучуваме сектори кои не се во согласност со шеријатските принципи, како и компании кои не ги исполнуваат и финансиските критериуми што се во усогласеност со шеријатските закони во врска со каматата и долгот.
За кого е наменет ВФП ЕТИКС АКЦИИ?
Фондот е наменет за инвеститори со долгорочни цели, кои сакаат да вложуваат над 10 години и се спремни да преземат повисоко ниво на ризик, карактеристично за вложувањето во акции. Покрај тоа, фондот е идеален за оние кои бараат да ги усогласат своите инвестиции со етичките и моралните вредности. Иако фондот е дизајниран да ги исполнува шеријатските принципи, отворен е за сите инвеститори што ги претпочитаатопшествено одговорните принципи на вложувањеи сакаат да остварат атрактивен принос на долг рок преку професионално управување на нивните средства од лиценцирани портфолио менаџери.
Како го гледате развојот на етичките и шеријатските фондови во иднина?
Верувам дека етичкото и шеријатското инвестирање ќе продолжи да се развива и да станува сè поважно. Сè повеќе инвеститори сакаат да бидат сигурни дека нивните пари се вложуваат во компании кои придонесуваат за општеството и околината. Нашиот фонд е пример како ваквиот модел може да се примени не само во Македонија, туку и пошироко.
Дали планирате да го проширите моделот на инвестирање во други држави?
Да, ова е нашата долгорочна цел. Веќе имаме планови да го примениме овој модел во други држави во регионот каде што е присутво нашето Друштво. Идејата е да ги донесеме истите етички и шеријатски принципи во различни региони, каде што ќе им пружиме можност на клиентите да вложаат според нивните верувања и вредности и при тоа да имаат можност за остварување на значителен поврат на нивните инвестиции на долг рок.
ПР Објава