18 Декември, 2025
0.1341

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

Објавено во: Свет 02 Декември, 2024 19:33

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден објасни зошто го помилувал својот син Хантер. 

Белата куќа ја објасни одлуката на претседателот да го помилува неговиот син Хантер, наведувајќи дека претседателот верува дека неговите политички противници ќе продолжат да го прогонуваат син му.

„Тие ќе продолжат да одат против неговиот син“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за новинарите во Ер Форс 1 за време на патувањето во Ангола.

Жан-Пјер рече дека ова не е прв пат претседателот да помилува член на семејството. Бајден во јуни изјави дека нема да го помилува својот син. 

Хантер Бајден се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија во септември во федералниот суд во Лос Анџелес и требаше да биде осуден на 16 декември од судија назначен од новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп. Во јуни, поротата го прогласи за виновен за давање лажни изјави при проверка на потеклото на оружјето. За тие обвиненија требаше да биде осуден месецов.

Актуелниот претседател Бајден во неделата кажа дека неговиот син бил селективно гонет и третиран поинаку од другите во слични ситуации. 

Во неделата, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за отфрлање на обвинението.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска навести за масовни помилувања за обвинетите во врска со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, откако сегашниот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина