01 Ноември, 2024
0.4038

СЕ ОГЛАСИ ПЕТАР ГОШЕВ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА - три децении живуркаме како самостојна и независна држава

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

„Факт е дека три децении „живуркаме“ како самостојна и независна држава. Но, факт е и дека сме помалку независни во споредба со многу други држави зашто постојано сме зависни од „кислородна“ поддршка од „надворешниот фактор“: политичка, финансиска и најлошото (и пречесто) посредување и/или директно водење на нашиот внатрешен политички процес од „факторот“,“ пишува во колумна за БИРН поранешниот политичар и гувернер на Народната банка, Петар Гошев.

„Факт е дека во текот на ова тридецениско историско патување кон консолидирана држава има(в)ме многу надворешни пречки. Пречки што предизвикаa голема штета. Но, недвојбено, далеку е поголема штетата што самите си ја нанесовме – од нашите неодговорни, слабо компетентни и многу корумпирани политички водства и од слабиот одговор (отпор) кон таквите водства, несвојствен за нормална (зрела) политичка заедница“, пишува Гошев.

Тој вели дека денес излегува дека надежите им се остварени само на мал процент жители на државата, додека кај огромното мнозинство е „нагласена носталгичноста кон минатото, од кое, пак, во тогашните околности (кризата и распаѓањето на Југославија) многу сакаше да побегне“.

„Вистинските победници во Македонија од 1991 до денес се алчноста, некомпетентноста, корупцијата. Перјаниците на овие категории крстосуваат со кренати глави низ државата, ја играат некогашната улога на јаничарите и друмските јанкесеџии – компетентните и доблесните ја напуштаат. Од 1990 до денес, повеќе од половина милион луѓе ја напуштија државата, бегајќи од бесперспективноста и отсуството фер односи во општеството. Контингентот работоспособни луѓе испарува на дневна основа, „сивата материја“ поцрнува“, пишува Гошев.

Целата колумна на Петар Гошев на БИРН.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите