20 Декември, 2025
0.0465

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЧО СО НЕДЕЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Топлотниот бран нема да биде долготраен, ќе имаме лето исполнето со временски непогоди и поплави

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023 08:33

Добивај вести на Viber

„Топлотниот бран кој го најавивме и кој ќе започне уште од утрешниот ден, нема да биде долготраен и нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Највисока температура се очекува како и вообичаено во централните и југоисточните предели и таа локално во тој дел од државава ќе достигне до 35 степени.

Исто така, утре и во вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека од среда па натаму очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради топлотниот бран, но и поради енергијата во Атмосферата во седмицата која ни претстои има услови и за локална појава на град од поголема величина .

Како што најавивме и во долгорочните анализи за ова лето, долготрајна стабилизација на времето не треба да очекуваме. Временските непогоди и опасност од нови поплави треба да ги очекуваме во текот на целото ова лето.

Метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО” како што прогнозираат некој сајтови кај нас нема да донесе екстремна топлина, истиот носи поголема топлина ширум Европа, но не и кај нас. Напротив, ние ќе имаме лето исполнето со временски непогоди и поплави, на кои сме сведоци овие денови, дури постои опасност и од поголеми поплави (катастрофални)- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки