20 Декември, 2025
0.0491

Се организирал напад на ДИК со молотови коктели

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 13:18

Добивај вести на Viber


Никола Бошковски, кој бара азил во Грција како поранешен директор на УБК, во 2016-та подготвувал напад со молотови коктели на Државната изборна комисија доколку се одбијат приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за време на вонредните парламентарни избори.

За ова сведочеше Стефан Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година на денешното рочиште во кривичниот суд, кој своевремено бил вработен во управата.

„По соопштување на конечниот резултат се договоривме наредниот ден да се сретнеме со Нинџа. На првиот ден на протестите пред ДИК каде се одлучуваше за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, Нинџа ме викна во едно кафуле на кејот. Кога стигнав со мојот брат Михаил, со Нинџа беше Никола Бошкоски Прскач. Нинџа ни кажа доколку ДИК ги одбие приговорите на ДПМНЕ, насоките од Владимир Атанасовски се да се упадне насилно во ДИК и дека ќе има лица кои треба да фрлаат молотови коктели. Во кафулето беа повеќе лица, а меѓу нив и Никола Митревски Кољо. Од кафулето со 6 коли се упативме кон канцелариите на ДИК. Кога стигнавме Нинџа нè собра во круг, бевме 20-30 луѓе. Имаше присутни екипи и од други градови. Нинџа не извести дека во одреден момент кога тој ќе даде насока треба да се упадне во канцелариите на ДИК. Тој ден ДИК заседаваше, но расправата за приговорите се откажа за друг ден. Наредниот ден немаше други насоки“, рече Младеновски во исказот.

На 30 декември кога ДУИ одлучи дека нема да прави Влада со ВМРО-ДПМНЕ им било кажано дека претседателот Ѓорѓе Иванов нема да го додели мандатот за формирање на Влада, по што фокусот бил пренасочен на формирање на протестите „За заедничка Македонија“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки