05 Декември, 2025
0.0388

Се отвараат пунктовите за откуп на тутун

Објавено во: Агробизнис 19 Ноември, 2012 11:16

Добивај вести на Viber

Подготовките за откуп на тутунот се завршени и веќе од денеска се отвараат пунктовите на кои ќе се собира годинешната реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија информираат дека  осум компании завериле 240 мостри кои денеска ќе ги подигнуваат. „Условите за старт на откупот се исполнуваат со подигнувањето на мострите. Сокотаб од Битола и Тутунскиот комбинат најавија дека денеска ќе ги отворат пунктовите во градот“, изјави претседателот на Сојузот Данчо Милески. Според Милевски,  интерес за откуп има зашто ориенталниот тутун се бара на пазарот.

„И овој откуп на тутунот е предвремен зашто официјалниот, законскиот почнува од 15-ти декември. Производителите двапати изминативе месеци имаа можност за откуп. Во септември и октомври се одвиваа двете фази од предвремениот откуп во кутии. Тогаш од планираните 4.450 тони се презедоа само 37 отсто по просечна цена од 157 денари за килограм, рече Милески.

Годинешната реколта се проценува дека ќе тежи 23.000 до 24.000 тони.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?