18 Декември, 2025
0.0905

СЕ ОТВОРА ЛИ НОВ КЛАСТЕР ВО ШТИП: Тројца заразени со вирусот во ЈП „Исар“

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020 12:48

Добивај вести на Viber

Од денеска и во Јавното претпријатие „Исар“ во Штип има три случаи потврдени со корона вирусот. Во зградата на ова јавно претпријатие се вработени 30-тина луѓе кои, како што велат за Фактор, целосно ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од корона вирусот, но некои од новозаразените имале контакти со инкасаторите кои се постојано на терен.

-Во ЈП „Исар“ навистина многу се внимава, маските практично и не ги вадиме, постојано правиме дезинфекција на рацете, како и на самите простории и работните површини. Едноставно не ни се верува како е возможно да се пренесе заразата на толку внимавање. Дел од заразените се инфицирале од колегите инкасатори кои работат на терен, а како што веќе цела Македонија знае, во Штип, низ градот, на улиците, кафулињата, воопшто не се носат маски, а да не зборуваме за држење растојание, потенцираат изворите на Фактор.

Останатите вработени нема да бидат тестирани на Ковид-19, освен во случај да појават симптоми, сепак, постои опасност, сосема слично како и штипските конфекции, ЈП „Исар“ да биде нов кластер на корона вирусот во Штип.

Во штипскиот Центар за јавно здравје има голем број граѓани кои чекаат да им биде земен брис, така што само во текот на вчерашниот ден имало дури 100-тина граѓани, за кои денеска се чекаат резултатите.  

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска