02 Мај, 2024
0.0260

Се отвора најголемиот технолошки парк на Балканот, од Владата се бара да врати одземено земјиште во центарот на Скопје

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, заедно со неколку други странски основачи ќе гради технолошки парк, кој се претставува дека ќе биде еден од најдобрите и најголемите во Европа. Останатите раководители на STP (Skopje Technology Park) вклучуваат поранешен потпретседател на Cisco за пазарите во развој, шеф на Ротшилд за Блискиот Исток, високи директори od McKinsey и Deloitte и советници на богати семејства од светот, се вели во најавата. Управител е Иван Видаковиќ, кој пак преговара со македонската влада за денационализација на земјиште кое припаѓало на неговото семејство пред Втората светска војна во центарот на Скопје.

STP Capital Partners LLC ги собира светските лидери во технологијата за изградба на еден од најдобрите технолошки паркови во Европа во срцето на Балканот, Скопје“ се вели во најавата. Се најавува дека ќе има центри за податоци и управување со податоци, дигитализација на владата,  вештачка интелигенција и роботика, образовна  технологија, блокчејн технологија за трансакции, сајбер безбедност, FinTech и други дејности. Засега единствената дејност која е регистрирана е издавање и управување со сопствен недвижен имот или земен под закуп.

Технолошкиот парк ќе има луксузна резиденција која ќе вклучува канцеларии, продавници, ресторани и паркинг. Најавена е изградба и на два хотели и конференциски центар. Се планира изградба на кампус кој ќе вклучува IoT дата-центар за податоци, деловен инкубатор, центар за сајбер безбедност и блокчејн центар. Исто така, едношалтерски систем за односи со владата, корпоративна регистрација, центар за вработување, апликации за грантови, програми за престој (или државјанство). Скопскиот технолошки парк e најавен како „скриен скапоцен камен во срцето на Балканот“.  

- Скопскиот технолошки парк „СТП“ ќе се гради во близина на центарот на Скопје, со точна локација со која се преговара со владата да биде во близина на земјиштето што беше одземено од семејството Видаковиќ по Втората светска војна. Со силна поддршка од раководството на земјата, ќе го направиме STP технолошки центар за Балканот и ќе го мобилизиравме интересот на големите технолошки партнери, особено од САД и ЕУ.

STP, исто така, ќе им обезбеди на своите стратешки партнери дополнителни можности за инвестирање во вредност од 200 милиони до 1 милијарда евра, плус поврзани проекти, односно изградба на голем центар за податоци; Со 0,056 евра по киловат/час, Македонија има најниски трошоци за индустриска електрична енергија во Европа. Исто така, близу до главниот аеродром STP ќе има слободна економска зона за поголеми капацитети, велат од таму.

Целни клиенти и партнери на STP тврдат дека се глобални технолошки компании, претприемачи и технолошки инвеститори кои ќе ја користат Македонија како регионална база. Други причини за основање база во Скопје вклучуваат ниските даноци и пристапот до повеќе фондови на ЕУ. Покрај тоа, Скопје има квалификувана работна сила, пријатна клима, низок криминал, велат основачите.

- Разгледуваме различни опции за соработка со потенцијални стратешки и финансиски партнери за вклучување во проектот STP: финансиски партнери, универзитети, компании од енергетиката и градежништвото, како и проекти за паметни градови, дополнително тврдат од STP.

Останати основачи се Скот Блеклин, поранешен претседател на Американската стопанска комора во Русија и потпретседател за пазарите во развој на Cisco Systems, Сем Блум, виш советник во инвестициско банкарство кој работел и во американското Министерство за домување и урбан развој, Александар Каре де Малберг, советник за недвижности кој управувал со фондови во Сочи и Катар, Мајкл Џелиман,  поранешен советник на McKinsey & Company и советник на американски политички и економски лидери во текот на финансиската криза.

Се споемнува и Андреас Карас, поранешен директор на Deloitte & Touche Europe, Стив Колер, неизвршен претседател  на Ridge Global, Иван Шумков, познат архитект во Њујорк, Чарлс Вотерман, поранешен раководител на неколку позиции во ЦИА и Небојша Станковиќ, правен застапник на американски бизниси во Србија.

Меѓу основачите има четири правни лица - американски компании од сверата на технологијата, од кои три се со наставка „Глобал“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?