Се отвора нова меѓународна градинка во Скопје
Објавено во: Мои пари 08 Април, 2013 14:39
-Градинката ќе работи по програма со примарен фокус за развој на љубовта кон учењето кај најмладите. Секое дете се раѓа како креативец, се раѓа љубопитно и уникатно, а добра програма за учење е пресудна за истакнување на овие квалитети кај секое дете, помагајќи му да се потпира на своите квалитети и вештини при достигнувањето на своите социјални, емоционални, физички и литературни цели“, изјави генералниот менаџер на Cel Global, Гурав Семвал.
Јазикот на кој дечињата ќе имаат интеракција е англиски. Одговорните велат дека ќе се избегнуваат сите методи кои ќе предизвикуваат механичко размислување на децата, а ќе се форсираат методите во кои децата ќе развијат креативно и критичко размислување и погледи кон светот. Градинката ќе нуди програми за повеќе возрасти, кои, покрај типичните активности наменети за деца од претшколска возраст, ќе содржат и нестандардни креативни активности: градинарство, научно катче, аеробик, јога, базени, како и вежби за развој на интелигенцијата на децата.
-Градинката ќе биде лоцирана во населбата Тафталиџе. Во моментов го подготвуваме стручниот тим на истакнати едукатори од Велика Британија и од Канада да ја посетат Македонија, кои ќе имаат за цел да ја постават основата на градинката според пропишаните стандарди. Тимот ќе пристигне во јуни и ќе го основа училиштето.“ додаде Семвал.
CEL International досега има големо искуство во делот на едукација спроведувајќи слични проекти насекаде во светот кои ќе се етаблираат во Македонија. Се планира да се изгради средно училиште според високи светски стандарди и проектот во блиска иднина ќе се промовира. Како нивна голема инвестиција е изградба на студентски кампус во Велес, каде покрај сегментот услуги, ќе се нуди целосна едукација за менаџмент, маркетинг, технолошки и технички науки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





