СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Соседна Грција скоро целосно ќе се врати во „новата нормалност” до 1 јули.
Постепено ќе се отвораат бизнисите на 6, 8, 15 и 29 јуни.
За три дена се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите.
Дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде меѓу 90 сантиметри и еден метар и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.
На плажите ќе биде дозволена музика и алкохол, а од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците.Од 15 јуни работат фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, но секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи, јави дописничката на МИА од Атина.
Сепак, на плажите има посебни правила за дистанца и за тоа колку капачи смее да има.
Во Грција има нов протокол за плажите, при што ќе мора да се држи дистанца од 4 метри меѓу чадорите. На плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни.Македонските граѓани ќе можат да патуваат во Грција.
Гости од 29 земји од 15 месецов можат да влезат во Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.