05 Декември, 2025
0.0558

Се плаќало за пашарина, а не се склучувале договори: Ревизорски извештај за ЈП за Стопанисување со пасишта!

Објавено во: Агробизнис 21 Април, 2015 08:19

Добивај вести на Viber

Отсуство на Програма за стопанисување со пасишта, несоодветно евидентирање на уплатите за пашарина со лицата со кои не се склучени договори, несоодветно зголемување на вредноста на материјалните средства, не се склучувале договори за пасишта- ова се дел од забелешките што ревизорите ги посочуваат во извештајот за регуларноста на работата на Јавното претпријатие за Стопанисување со пасишта –Скопје за 2013 година. Државниот ревизор во изештајот забележува дека не воспоставени потребните интерни контроли во процесот на администрирање на приходите, што не обезбедува доолно нвио на ефикасност и сигурност за да се потврди комлетноста на приходите. -Констатирано е дека нема пишана процедура со која ќе се уреди целокупниот тек на активностите на сите инволвирани лица во самиот процес и разграничување на нивните надлежности со што ќе се обезбеди: склучени договори со сите корисници за кои е донесена одлука за избор на најповолен понудувач, договорите да содржат точни податоци, за сите склучени договори помеѓу јавното претпријатие и корисниците за пасишта да се внесени податоци во софтверот, редовна контрола на бројот на добитокот кој се напасува, соодветно постапување во случај кога купувачите не ги плаќаат фактурите или ненавремено ги плаќаат, наведува ревизорот во извештајот. Токму во делот на склучувањето на договорите за издавање на пасишта, државниот ревизор забележува дека не се евидентирани уплатите од лицата со кои јавното прептпријатие нема склучено договори и изготвено фактури. Исто така во извештајот се посочува дека не е извршено целосно поврзување на извршените уплати за надомест за пашарина со крајните корисници на пасиштата а не извршено доделување на користење на пасишта и склучување на довори за истите. Ревизорот укжаува дека ЈП за Стопанисување со пасишта не превземало активности за контрола за начинот на користење на пасиштата и склучување на договори со лицата кои ги користат пасиштата. Во однос остварените приходи од пашарина, ревизорот наведува дека во трговските книги со состојба на 31.12.2013 година, претпријатието на име на приходи од пашарина искажало износ од околу 641 илјада евра, но во забелешките се укажува дека дел од искажаните приходи во износ од близу 188 илајди евра претставува искажан приход на име нефактурирани услуги односно уплати од корисници на пасишта кои ги користат пасиштата без склучен договор/издадена фактура или во нивно име уплатата ја вршат други лица што предизвикуваа истата да не може да се поврзе со вистинскиот корисник на пасиштето. Ревизорите наведуваат дека во известувачкиот период е извршено зголемување на вредноста на материјалните средства во износ од 115.121 евра за набавени пластични црева за вода во должина од 300.000 метри за потребите на корисниците на пасиштата. Се посочува дека не е извршен попис на новонабавените пластични црева за вода кои заклучно со 31.12.2013 година иако се распределни по подружниците не се предадени на крајните корисници -Истите средства не ги задоволуваат критериумите за признавање и добивање на третман на средство и најголем дел од истите се распределни по подружници кај кои не се обезбедени соодветни услови за чување , а пописната комисија не ја утврдила нивната фактичка состојба, се наведува во извештајот. -Наведените состојби не се во согласност со оредбите на Законот за пасишта и Правилникот за водење на сметководството, и влијаат на комлетноста на приходите, остварениот финансиски резултат, квалитетот на финансиските извештаи и информациите кои ги даваат истите. Надлежните органи на претпријатието да превземат активности за пропишување на политики и процедури за начинот на признавање на приходите и да ги задолжат лицата инволвирани во делот на администрирањето на приходите да обезбедат нивно соодветно признавање и мерење, склучување на договори и поврзување на секоја уплата со крајниот корисник на пасиштата, стои во препораката на државниот ревизор. Програмата за стопанисување со пасишта е изготвена но не е донесeна Во ревизорскиот извештај се онаведува дека согласно Законот за пасишта , Владата има обврска да донесе Програма за стопанисување со пасиштата за период од 10 години.Утврдените области и активности во оваа прогрма треба да претставуваат основ за донесување на годишна програма, која ја донесуваат надлежните органи на јавното претпријатие најдоцна до 31 декември во тековната година за следната година. Со наведените програми се утврдуваат природните услови и можности на пасиштата, негова обнова,развој, мерки за одгледување, заштита, унапредување и проширување на пасиштата и слично. Ревизорот нотира дека јавното претпријатие ја изготвило прогрмата но истата не е донесена. -Со оизвршената ревизија  е констатирано дека јавното претпријатие изготвило Програма за стопанисување со пасиштата за период од 2010 до 2019 година и истата во текот на 2010 година е доставена до Владата на разгледување и усвојување, а до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и до Министерството за финансии на мислење. До денот на известување од извршената ревизија не е донесена Програмата за стопанисување со пасишта, што не е согласно член 5 од Законот за пасишта и влијае на долгорочното планирање на активностите за стопанисување со пасишта кои потоа со годишните програми се операционализираат како оперативни програми за секоја година подетално. За наведената состојба потребно е надлежните органи да преземат мерки и активности за донесува на Програмата за стопанисување со пасишта за период од 10 години, се  наведува во ревизорскиот извештај. Во делот јавните набавки, со извршената ревизија е констатирано дека се извршени набавки во износ од околу 37 илјади евра за кои не се превземени активности за доделување на договор за јавна набавкасогласно одредбите на Законот за јавни набавки.Ревизорот нотира дека е спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки во вкупна вредност од околу 9.000 евра по пат на прибирање на понуди за која не се доставени податоци до Бирото за јавни набавки, но по укажувањето од ревизорот податоците се доставиле. -Наведените состојби не се во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки влијаат врз транспарентноста при доделувањето на договорите за јавни набавки и создавањето на еднаква положба помеѓу економските оператори. Надлежните органи во претпријатието да преземат мерки за обезбедување на транспарентност во делувањето на договорите за јавни набавки и еднаква положба на економските оператори, препорачува државниот ревизрор во извештајот. Ревизорите во извештајот констатираат дека во актот на основање не е утврден основачкиот влог и како се обезбедува тој, нема проценка на капиталот и негово упишување кај надлежниот регистра, не е извршен попис на градежните објекти и опремата која ја користат сточарите, неправилности во пописните листи, непочитување на некои одредби од колективните договори за вработените. Во извештајот се наведува дека побарувањата од купувачите на ден 31.12.2013 година изнесуваат 1.144.747 евра,побарувањата по основ тужби  114.146 евра,  а останатите побарувања во износ од 21.626 евра, но како што посочува ревизорот без при тоа да се утврди старосната структура и да се констатираат активностите кои (не) се превземаат за наплата на истите. Државниот ревизор во извештајот наведува дека по Нацрт извештајот не се примени забелешки. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?