05 Декември, 2025
0.0414

Се поголема дискриминација кај огласите за вработување

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2013 14:21

Добивај вести на Viber

Кај над 60 отсто од  вкупно 300 огласи за вработување, објавени минатиот месец е забележана дискриминација, а во вкупно 48 случаи е направена дискриминација по неколку основи, покажува анализата од истражувањето на Комисијата за заштита од дискриминација, поврзано со праксата во земјава за објавување на огласи за вработување. Додека кај 178 огласи е забележана директна дискриминација од страна на работодавецот, а во 12 случаи истата е направена на индиректен начин. Во 162 огласи лице од одреден пол односно во 151 случај женско лице, додека само во 11 огласи е наведено дека тоа трева да биде машко лице. Во 64 случаи е наведена возраста како критериум за основање работен однос, додека во 20 огласи наведен е условот на испраќање лична фотографија. Претседателот на Комисијата, Душко Миновски,истакна дека целта на Комисијата, освен утврдување на фактите, е и давање препораки како да се промени состојбата. Истражувани се, како што истакна тој, неколку основи на дискриминација како пол, возраст, и личен и општествен статус, и тоа во 300 огласи објавени во април оваа година што биле објавени во неколку дневни весници, Огласник 24 часа и веб страниците Најди работа, Вработување и Моја кариера. -Од вкупно 64 огласи во кои е наведена возраста како критериум за вработување, во 23 огласи се бара тоа да биде младо девојче, во 13 огласи возраста на лицето да биде до 40 години, а во два до 50 годишна возраст, во три до 30 годишна возраст, во два до 25 години, во два над 25 години, во еден до 45 годишна возраст, а во по еден оглас лицето треба да е младо момче и да биде постаро лице“, рече Миновски, додавајќи дека во 20 огласи од вкупно собраните наведен е условот на испраќање на лична фотографија во прилог на апликацијата за вработување. -Испраќањето на лична фотографија во прилог на апликацијата треба да биде избор на барателот за работа, додека физичките карактеристики на кое било лице не треба да бидат услов за вработување“, додава тој. Она што се нотира во оваа анализа е тоа што кај голем број огласи не се наведува работодавецот, односно околу 80 отсто од огласите се од приватниот сектор, но, како што вели Миновски, мора да се земе предвид дека поради изборите немаше огласи за вработување во администрацијата. Во препораките и заклучоците, што ќе бидат доставени до Владата, се предлага воспоставување систем за контрола, мониторинг и евалуација во областа на работата и работните односи во процесот на барање работа, објавувањето на огласи за вработување со недискриминациони елементи, обука на новинарите, промовирање на Кодекс на однесување на работодавците, обука и стратегија за професионално работење, и да се промовира начинот на правилно објавување на огласи за вработување и критериумите за вработување. Анализата од извештајот ќе се достави и до организациите директно инволвирани во процесот на објавување огласи како Стопанската комора, Агенција за претприемништво, Агенцијата за времено вработување, Здружението на работодавачи, Агенцијата за вработување и други.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј