05 Декември, 2025
0.0341

Се помалку комунални сметки за работа кај извршителите

Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2018 06:55

Добивај вести на Viber

Вкупно 10.397 неплатени сметки за комунални услуги оваа година, по првите девет месеци од 2018-та, се „скенирале“ против физичките лица од страна на стотина извршители низ Македонија.

Од околу 15 милиони сметки за струја, вода и затоплување кои годишно пристигнуваат на адреса на македонските домаќинства, односно поединци, тоа значи дека процентот на крајот од годината, ако се задржи истото темпо како и по првите три квартали, ќе биде под 0,1 отсто.

Претседателот на Комората на извршители Зоран Димов вели дека свесноста на граѓаните за доброволно плаќање на своите обврски значително се зголемила, согласно податоците прибавени од давателите на комунални услуги.

- Во годините со најголем број на барања за извршување од овој тип имало 120.000 вакви предмети што претставува помалку од 1 % сметки кои стасуваат до фазата на присилно извршување. За пример , во оваа година, во изминатите 9 месеци само 10.397 барања за извршувања по основ на комунални долгови се поднесени до извршителите во РМ, што јасно говори за степенот на финансиската дисциплина на граѓаните во РМ - изјави Димов.

Во годишниот извештај на Комората на извршители, во 2017-та имало дури 88.723 барања за извршување, од кои не е познато колкав е делот по основ на неплатени комунални сметки од страна на физички лица, но за очекување е поголемиот дел од оваа бројка да паѓа токму на нив.

Оваа година, досега по првите девет месеци се отворени 70.895 предмети против физички лица за овој период. 

Комората оваа година достави свој предлог до Владата да иницира измена во регулирањето на течењето на каматата, на начин што казнената камата за комуналните долгови би се лимитирала и би се предвидело таа да тече до постигнување на висината на главниот долг. Од ваквото решение најголема корист би имале тужените должници.

(А.К.)

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?