05 Декември, 2025
0.0381

Расте бројот на патници на двата аеродроми во Македонија

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2013 19:35

Добивај вести на Viber

Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 отсто во однос на бројот на патници 2011 година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Во 2012-та зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, каде биле превезени 828.831 патници што е за 9,1 отсто повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од пет отстое забележан и на аеродромот “Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници. Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13 проценти повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници. Според соопштението за транспот и врски по реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници