Се препорачува вакцинацијата и ревакцинацијата да бидат со иста вакцина, вели д-р Киријас
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2021 15:23
Се препорачува вакцинацијата и ревакцинацијата да бидат со иста вакцина.
Доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА вели дека официјалните препораки и од производителите и од американската Администрација за храна и лекови (ФДA) и од Европската агенција за лекови (ЕМА) е дека ревакцинацијата против Ковид-19 мора да биде со истиот тип на вакцина со која е извршена и вакцинацијата.
„Во моментов постојат неколку студии коишто работат на тоа да видат колкава ќе биде ефикасноста од вакцините ако се комбинираат првата и втората доза да бидат од различни производители“, изјави Киријас.
Засега според неа, не може официјално да се препорача вакцинацијата и ревакцинацијата да се вршат со различни вакцини, затоа што не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува. Но, не ја исклучува можноста дека во иднина препораките ќе се менуваат. Таа објаснува дека во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг. Светската здравствена организација (СЗО) денеска информира дека поради недостаток на „соодветни податоци" не може да даде препорака во врска со комбинирањето различни вакцини против коронавирусот. Во Србија неколку луѓе се пожалија на потешкотии откако прво се вакцинирани со една, а се ревакцинирани со друга вакцина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





