Се преведуваат дипломи, свидетелства, полномошна – дел од преведувачите имаат работа, а дел кубурат со ангажман
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2021 07:15
Во Македонија има доволен број на преведувачи по англиски јазик и за нив има работа поради широката примена на јазикот. За работа или студирање во странство, потребен е превод на документи. Поради миграцијата во Германија, граѓаните сѐ почесто имаат потреба од превод на документи на германски јазик. Истото се случува и со словенечкиот јазик, но тоа не е случај со другите јазици.
Од Здружението на преведувачи и толкувачи велат дека имаат околу 120 членови, од кои најголем дел се преведувачи по англиски, германски, француски и италијански јазик, додека другите јазици се со помала застапеност.
„За англискиот јазик имаме доста преведувачи, и обично кога има настани, симултано се преведува на или од англиски јазик. Но, мал е бројот на преведувачи за дански, шведски, норвешки, кинески, јапонски, односно има по неколку луѓе во државата“, велат од Здружението на преведувачи и толкувачи.
Весна Михајлова, професор по словенечки јазик објаснува дека од 2009 година наваму и словенечкиот јазик е доста баран.
„Од 2009 година наваму има наплив, и се бара превод на свидетелства, дипломи, полномошна. Многу луѓе сакаат да се иселат во Словенија, затоа што е блиску, а функционираат на едно високо ниво, и нудат многу можности за младите, а дури и фирмите се насочуваат кон Словенија затоа што е достапна. Сакам да се занимавам со судски преводи, а мотив ми се учениците кои имаат потреба од преводи“, рече Михајлова.
Но, многу од преведувачите бидејќи немаат работен ангажман се оддалечуваат од професијата или целосно се откажуваат.
„За шпански јазик поретко има потреба од преводи, затоа што луѓето ретко заминуваат во Шпанија. Отсекогаш имало поголема побарувачка за преводи на англиски јазик. Ова за мене е секундарна професија, и веќе се насочив во други води“, вели судски преведувач по шпански јазик.
Слично е и со рускиот јазик. Младите преведувачи, велат дека ретко добиваат шанса да преведуваат, макар да се работи и за книжевни преводи. Во земјава недостигаат преведувачи за фарси јазикот, и тоа стана актуелно во текот на мигрантската криза.
Сања Атанасовскаfoto Wikipedia
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




