05 Декември, 2024
0.0255

Се проблематизира извозот на македонско вино, пиперки и домати во Србија

Објавено во: Агробизнис 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ако македонската влада го ограничи увозот на српско брашно и пченица, Србија ќе преземе мерки на реципроцитет, јавуваат српските медиуми. Со оваа мерка на македонската влада се нарушува принципот на слободна трговија, посочуваат српските власти. Тие побараа итна вонредна седница на ЦЕФТА. „Доколку ова не даде резултат, ќе преземе реципрочни мерки“, изјави министерот за трговија Расим Љаиќ за српски Блиц кој открива дека намерата му ја соопштил и на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, кого во разговор го известил дека со одлуката на македонската влада се крши спогодбата. Со новата одлука, увозниците ќе мора да купат два килограми домашна пченица ако сакаат да увезат еден килограм жито од Србија. Така ќе мора да купат четири килограми домашна пченица, за да увезат килограм брашно од Србија. „Македонската влада четврта година по ред ја носи истата одлука која е стапи на сила пред два три месеци додека не се закаже седница на ЦЕФТА. Тогаш одлуката се повлекува и постојано водиме иста битка со нив“, тврди Љаиќ за Блиц. Така сега во Србија се размислува за исти мерки кон Македонија при увоз на вино или за литар вино од Македонија,  да мораат претходно да купат четири литри вино од Србија. Блиц пренесува дека стравуваат и македонските винарии, а објави дека освен со виното се предлагаат слични мерки и за доматите и пиперките од Македонија, кои Србија ги купува во големи количества.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.