Се продава земјиште на Пониква и во Кочани
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2013 14:09
И општина Кочани нуди на продажба државно градежно земјиште. Се продаваат локации во Спортско-рекреативниот центар Пониква и на неколку локации во градот.
На Пониква се огласени две локации за изградба на хотели и десет локации за подигање на викенд-куќи. Градежните парцели за изградба на хотели во овој скијачки центар на Осоговските планини се со површина од 1.625 и 1.932 метри квадратни и се нудат со почетна цена од 61 денар по метар квадратен. Парцелите за викенд куќи се со големина од 283 до 567 метри квадратни и нивната почетна цена изнесува исти така по 61 денар за метар квадратен.
Oпштина Кочани нуди на продажба и пет парцели за изградба на индустриски објекти од областа на лесната индустрија и малото стопанство во месноста „Драчевиќ“ и 12 парцели за подигање на индивидуални куќи на повеке места на територијата на општината.
Вкупната површина на понуденото земјиште за продажба изнесува 20.160 метри квадратни, при што минималниот приход на локалната власт од неговото отуѓување е проектиран на 1.229.760 денари.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




