21 Март, 2025
0.0547

СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Еве ги деталите

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 07:42

Добивај вести на Viber

Истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува и досега се опфатени вкупно 26 лица.  Седум службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со издавање согласности за функционирање на дискотеката.

Со истражната постапка што МВР ја спроведува во врска со несреќата во Кочани досега се опфатени вкупно 26 лица, но, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели тоа не е конечна бројка, односно дека како ќе тече истрагата ќе биде покрената истражна постапка против секое лице за кое ќе биде утврдено дека со постапување односно непостапување придонело да биде сторено кривично дело.

Тој, вчера на прес-конференција во МВР, рече дека во врска со конкретниот кривичен настан што се случи во Кочани се разгледува огромна документација, во истрагата се вклучени голем број експерти, како од Обвинителството така и од истражните тимови на МВР.

Службените лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, додаде, како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Основниот суд во Кочани вчера донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдија од судот за МИА.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Полициски службеници од одделот за крим полиција и организиран криминал вчера влегоа и во Општина Кочани, каде, како што информира претходно Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката. 

Претреси се извршени и на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција... а, исто така, претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката.

Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 170 се повредени.  Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во државата се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот во Струмица е ставен под контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот во Струмица е ставен под контрола

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите