Се размислува за опцијата македонските државјани да прават ПЦР тестови на граница
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Август, 2021
Ќе се разгледа опцијата македонските државјани да можат да прават ПЦР тест на граница. За ова прашање ќе има дополнителен став.
Нашите државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се имунизирани или немаат ПЦР тест ќе мора да одат во седумдневна изолација. Сепак, властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка. Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата. Македонија со денови има над 1.000 заразени од коронавирусот. Најмногу заболени има во Скопје, Тетово, Гостивар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.