05 Декември, 2025
0.3075

Се шири болеста „син јазик“ кај стоката, ја пренесуваат комарци

Објавено во: Агробизнис 14 Август, 2014 14:01

Добивај вести на Viber

Болеста „син јазик“ се шири во Македонија, Бугарија и Грција. Најпогодени се фармите за овци, а ја пренесуваат комарци од Грција каде што има заразени животни. Само во Бугарија болеста убила 700 овци, а е откриена во 185 села. Најзасегнати се областите Бургас, Хасково и Смолјан. Заразата е забележана и кај кравите, но не е смртоносна за нив. Бугарската агенција за безбедност на храната предупредува дека врвот на епидемијата допрва претстои, бидејќи влажното време васезона придонесува за размножување на комарците, кои се преносител на вирусот. Во Македонија, болеста беше откриена во општина Берово, во атарот на селото Русиново, во одгледувалиште на овци. Потоа се прошири во пијанечкиот крај - во селото Нов Истевник, на месноста Пасјак, регистриран е вируосот на болеста кај една крава, додека во Разловци кај две. Сточарите на знаат како болеста дошла до нивниот добиток. Но и овие изолирани случаи беа доволни за Белорусија да го забрани увозот на добиток и месо од Македонија. Болеста Син јазик е неконтагиозно вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (претежно се јавува кај овците но заболуваат и говедата, козите, бафалата, антилопите, елените, срните и камилите) кое се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides. Не постои ефикасен третман против неа. Не може да се пренесе меѓу луѓето дури и при консумирање на месо и млеко од болно животно, но земјоделците сепак трпат загуби. Болеста различно се манифестира кај различни видови животни. Во најтешка форма се јавува кај овците, каде предизвикува намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушување во растот на волната и можна смртност. Морталитетот варира од 2-30% кај заболените животни, но, може да достигне и до 70%.   Бугарската агенција за безбедност на храната

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?