18 Декември, 2025
0.0416

СЕ ШИРИ ЛАМБДА, НОВ СОЈ ПОТВРДЕН ВО 29 ЗЕМЈИ: Научниците ја проучуваат оваа многу позаразна варијанта

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2021 13:17

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација (СЗО) деновиве посветува посебно внимание на варијантата на корона вирусот Ц37, познат како варијанта од Андите или ламбда, бидејќи доведува до чести инфекции и се јавува истовремено во неколку земји.

Пред една недела, СЗО го класифицираше вирусот како „под опсервација“ (ВОИ, варијанти од интерес), бидејќи беше потврден во 29 земји, а седум од нив се земји од Латинска Америка, Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле, пишува Дојче веле.

Варијантата ламбда прв пат се појави во август 2020 година во Перу, а скоро една година подоцна, тој вид доминира таму со 82 проценти, додека во Чиле во моментов предизвикува секоја трета инфекција.

Микробиологот од универзитетот „Кајетано Хереди“ во Лима, Пабло Кукајама и неговиот тим ја откриле оваа варијанта во нивната татковина и тој верува дека Перу, со 187 000 смртни случаи и највисока стапка на смртност во светот, станал местото каде што се појавил новиот вид.

Научниците велат дека ќе мора да се навикнеме на тоа дека во Латинска Америка се појавуваат нови соеви на вирусот корона, каде се регистрирани повеќе од милион смртни случаи.

Жаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни болести на СЗО, за Дојче Веле изјави дека до сега нема сериозни интуиции за агресивно однесување на ламбда варијантата. Иако постојат можности за повисоки стапки на инфекција, се уште немаат темелни истражувања за да би можеле да го споредат со гама и делта варијантите.

Тој додаде дека вакцинацијата е најдоброто оружје против различните соеви.

Моментално гама и делта варијантите, како и претходните алфа и бета, припаѓаат во загрижувачките соеви. Докажано е дека се позаразливи, потешко се лекуваат и носат потешки заболувања.

Но прашањето е дали ламбда сојот е  само почеток на целиот хаос во светот? Многу лекари тврдат дека на пандемијата ќе и дојде крајот откако 80% од населението во светот ќе биде комплетно вакцинирано, а до тогаш вакви нови варијанти на вирусот само ќе се појавуваат.

ФОТО: Reuters

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“