05 Декември, 2025
0.1074

Се скратуваат трошоците за лабораторски испитувања

Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2018 15:05

Добивај вести на Viber


Tимовите од Република Македонија и Република Србија одржуваат континуирани средби и до 30-ти јуни се очекува усогласување и потпишување на двата договори од областа на безбедност на храна и  фитосанитарната соработка. Тоа ќе значи меѓусебно признавање на сертификатите од области што ќе придонесе за побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни македонски  производи.

Со потпишување на Договорот за соработка за безбедност на храна и ветеринарство, за 15 дена се крати времето на чекање за лабораториско испитување за млечните производи како јогуртот и млекото

Во делот на извозот на македонските преработки од месо, со меѓусебното признавање на сертификатите, двојно ќе се намалат цените за лабораторските испитувања (само за пример, анализата во Србија просечно е околу 500 евра, а кај нас лабораториската анализа која со договорот ќе биде признаена од Србија, изнесува 200 евра) а чекањето на граница за добивање резултати од анализите од 12 дена ќе се сведе на само 1 ден. 

Македонските извозници на градинарски култури, резултатите од анализите ќе ги добиваат за 1 ден, а не како досега за 2 до 3 дена, дополнително со признавање на сертификатите драстично ќе им се намалат трошоците за анализи. (Пример: Анализи за домати во РМ 690 денари а во Србија 2.630, драстично помали се и цените за другите производи

Република Србија нема да зема анализи за присуство на листерија од секоја пратка на македонските месни и млечни производи, туку истите ќе се земаат според Мониторингот за ризик

Во делот на извозот на македонски ориз, Република Србија ќе го признава македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивност ќе се испитува на самиот граничен премин. Досега за резултати од овие анализи македонските компании чекаа околу 5 дена, а сега директно ќе ја поминуваат границата. Сето ова беше на барање на македонските извозници.

Евиденцијата на маркиците кои се издаваат од МЗШВ за евидентирање на брашното пред пуштање на промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно. Засега нема конечно решение за

Преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање на решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици продолжува.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, е отворено за соработка со сите чинители во земјоделскиот сектор и на средба ќе бидат повикани и претставниците на мелничко-пекарската индустрија.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?