06 Октомври, 2024
0.0369

СЕ СЛАВИ КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН: Бискупот посака благословен да е денот на Христовото воскресение

Објавено во: Македонија 01 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Христијаните од целиот свет, католиците, евангелистите, англиканите и останатите цркви кои се водат по грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Според христијанските верувања, воскреснувањето се случило три дена по неговата смрт. Велигден е празник на победата на доброто над лошото, празник на повторно испружената рака на Бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.

„Христовото воскресение се издигнува над настанот на историјата како таков и отвора врата на новата историја во која ние само претчувствуваме каква е големината на новиот човек во Божјиот план. На оваа земја сите сме на минување, но тоа толку нè привлекува што често сме им слични на луѓето кои заради болест или старост одат поднаведнати и тешко им е да се исправат за да погледнат во насоката каде сонцето заоѓа.

Ние, верниците христијани, кои сега во Европа веќе се чувствуваме како малцинска вера, како да е нашиот Исус сега толку изморен, имаме желба да му останеме верни и затоа сè уште нашите Марии Магдалени и по некој Јосиф Ариматеец се трудат околу тоа тој да биде достојно измиен, помазан и погребан. Драги браќа и сестри ве повикувам во оваа воскресна ноќ да не бегаме од Божјиот глас, туку да го послушаме и да сведочиме: Исус е жив, Исус воскресна и го сретнав. Посакувам да нè посети ангелот на воскресението и да го отстрани каменот од вратата на нашите срца, а воедно да молиме да ја ослободи Црквата од прогонства, клевети и напади. Со овие мисли посакувам да ви биде благословен денот на Христовото воскресение. Христос воскресе!“, рече бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја, заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Годинава католиците го обележуваат Велигден на 1 април според Грегоријанскиот календар, додека православните, кои верските празници ги слават според Јулијанскиот календар, празникот ќе го обележат на 7 април.

По повод празникот, честитка до граѓаните од католичка вероисповед испратија претседателот Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и политичките партии.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил