26 Ноември, 2024
0.0242

Се смени ли нешто по големата криза?

Објавено во: Анализа 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Изминативе години бевме сведоци на доста обиди за промени на начинот на кој економски функционира капитализмот. За жал скоро ништо суштински не се промени. Дури и драматичното гласање во сенататот и конгресот пред истекот на 2012 година во основа не донесе нешто ново, ни трага ни глас од големата зделка (така барем требаше да  се нарече тој голем фискален договор). Американците се договорија да продлжат да си креираат дефицити, додека приходната страна малку ја зголемија преку качување на даноците за побогатите. Слична ситуација има и во Европа. Сеуште немаме коренити промени за кои сите се залагаат, се се сведува на купување на време, шминкање на фасадите и некои идни планови. Како што порано пишувавме ваквата тактика и не е така лоша, берзите растат, довербата полека се враќа во економијата и ситуацијата не е ни далеку таква како што беше пред неколку години. Но промена од било каков тип сеуште нема на хоризонтот, а несомнено е потребна. Со појавувањето на здружението Окупирај го Вол Стрит започна поширока дебата какви промени му се потребни на капиталистичкиот систем и дали воопшто тој им е потребен на луѓето од западот. Факт е дека луѓето со право се револтирани за некои работи кои се случуваа изминативе години и факт е дека ваквиот тип на капитализам овозможува креирање огромни приходни разлики помеѓу учесниците на пазарот. Во изминатиов период бевме сведоци на сериозни напади на школата на Милтон Фридман и враќање на Кензијанизмот на голема врата во развиениот свет. Интервенцијата на владите го спаси светот од пропаст и треба да продолжи со исто темпо, така барем велат бранителите на државниот интервенционизам. Треба да се има во предвид дека економијата е поле во кое е глупаво да се држите како слеп за стап за некоја теорија, бидејќи на крајот тоа може да се однесе во пропаст. Значи нормално е во различни периоди да се  носат разни одлуки и различни типови на менаџирање со економијата. Од друга страна пак доколку некој принцип, како пример оној за слободниот пазар го толкувате како што во одговара на крајот економијата ќе трпи серизони последици. И впрочем можеби тука започна целиот проблем. Изминативе дваесетина години бевме сведоци на раѓање на сложени финасиски инструменти – деривативи кои беа тотално нејасни за голем дел од луѓето кои тргуваа со нив. Манипулацијата со деривативите и сличните егзотични инструменти на одреден број на луѓе им донесе исклучително високи богатства кои се креираа на дневна основа. Доколку имате можност погледнете те го документарниот филм за Енрон (smartest guys in the room) да ги погледнете почетоци на случувањата за кои денеска целиот свет ја плаќа цената. Мантрата за слободниот пазар на банките им овозможи во негово име да прават што сакаат и да превземаат ризици надвор од сите нормални граници. И тука е првиот главен проблем на системот – слободниот пазар не значи апсолутна слобода да правите што сакате. Впрочем денеска остро критикуваниот Милтон Фридман вели дека државата треба да се грижи за три работи: одбраната на земјата, инвестирање во работи во кои приватниот сектор не сака да инвестира и владеење на правото. Токму овој трет принцип е екстремно нарушен. Начинот на кој функционираа  (и фунционираат) шпекулантите беше без дилема надвор од законот. Иако иновациите во банкарските и економските ситеми се нужни и потребни, никако не смее да се дозволи тие да станат криминални на начин на кој што станаа по плаштот на слободната економија. Не смее да се дозволи поради ваквите овие грешки во системот да се оспорува целиот концепт на слободниот пазар. Слободата на изборот е најзначајната придобивка која човек може да ја има во демократијата и во слободниот пазар. Секако крајната слобода многу ретко некаде ја има но сепак можноста да работиш што сакаш, да читаш што сакаш, слободно да кажуваш што мислиш е без дилема она од што по било која цена не смееме да се откажаме. Впрочем токму овој систем им овозможи на луѓе како Риџард Брансон и Стив Џобс да покажат се што знаат и потоа секако тоа добро да го наплатат (секако како нормален краен мотив за секоја добро завршена работа). Впрочем да бил овој систем толку лош луѓето немале да мигрираат од истокот кон западот, туку обратно. Економските системи мора да се постојано да се менуваат, впрочем само така може да останат ефикасни. За жал засега Америка не наоѓа сила да промени некои работи во својот двор и без дилема таа сметка некој повторно ќе мора да ја плати. Слободните пазари може да бидат слободни се додека не го загрозуваат целиот систем (и никако не смее да бидат криминално слободни), здравството може да биде бесплатно се додека се процени дека некој и во иднина ќе може да тоа да го плаќа, трилионите кои ги трошат за војни во светот може да бидат оправдани се додека он нив има бенефит целата нација, а не само неколку фирми кои работат за владата. САД како лидер на слободниот пазар несомено ќе треба да се промени, што Барак Обама ќе испорача од сето ова, ќе видиме веќе оваа нова 2013 година. Милан Димитриоски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.