СЕ СОБРАА МУДРИ ГЛАВИ ДА ГО РЕШАТ СТРАШНИОТ ПРОБЛЕМ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА - агресивните кои никој нема да сака да ги вдоми, ќе бидат евтаназирани
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2022 21:30
На денешниот, шести координативен состанок на ЦУК, на владини институции и невладини организации за решавање на проблемот со бездомните кучиња, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов направи сублимат од досегашните разговори и истакна дека договорените процедури треба да се започнат во најбрз можен период.
– Секаде онаму каде што имаме кучиња за коишто ќе има пријава дека се агресивни, дека напаѓаат, истите треба да добијат приоритет при заловување, потоа тие треба да бидат прочистени, вакцинирани, стерилизирани, чипирани и да се обидеме за нив да најдеме сопственик. Откако ќе најдеме човек којшто ќе ги прифати овие кучиња, тие ќе бидат предадени, но во краен случај кога некој нема да сака да вдоми одредено агресивно куче, со претходно утврдено вештачење од страна на овластен вештак, истите ќе бидат евтанизирани и нема да бидат вратени на улица. Се работи за мал број на детектирани агресивни кучиња – истакна Ангелов.
Тој наведе дека за останатите бездомни кучиња е планирана акција која би траела околу шест месеци.
– Во една масовна акција со ангажирање на сите лица, сите институции, невладини организации да бидат заловени, потоа прочистени, стерилизирани, вакцинирани и чипирани и вратени назад на улица. На тој начин може најквалитетно да се постави контрола на растот на популацијата на бездомните кучиња – посочи Ангелов.
Директорот на ЦУК, осврнувајќи се на проблемот со наводните лажни пријави за напади од бездомни кучиња, нагласи дека е побарано од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да вршат засилена контрола на вистинитоста на нападите, бидејќи, како што наведе, често се случува да имаме лажни пријави за напади од кучиња при тоа мотивите можат да бидат парични, луѓе кои што пријавуваат дека се каснати од каче прават фиктивни повреди и на тој начин добиваат одредена материјална корист.
Ангелов рече дека на состаноците се зборувало и за сомнителни стерилизации на бездомни кучиња, односно дека на улица можат да се забележат уредно обележани кучиња коишто имаат и чип дека се стерилизирани, но позади нив одат по пет-шест нивни кутриња.
– Имаме случаи кога одредени општини ги собираат кучињата во комбиња и ги носат на територијата на друга општина. Побаравме МВР да посвети поголемо внимание на возила коишто носат бездомни кучиња. Ваквата појава постои можност да е раширена на територијата на цела држава – истакна Ангелов.
Тој, го нагласи и проблемот со сопствениците кои ги напуштаат кучињата што ги чувале и рече дека истите треба да бидат пријавени.
– Друг проблем е бришењето на еден од законите за прекршоци којшто предвидуваше казни на сопствениците на кучиња којшто несовесно се однесуваат кон своите кучиња, односно ги пуштаат да се движат небезбедни на улица и претставуваат закана за безбедноста на граѓаните – потенцираше директорот на ЦУК.
Тој посочи дека Кинолошкиот сојуз дал предлог и побарал да им се обезбеди плац каде што тие самите ќе изградат прифатилиште за кучиња коишто личат на расни кучиња, но не се расни кучиња бидејќи немаат педигре.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




