Се тестираат родителите и бабата на детето од Штип
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2020
Се тестираат родителите и бабата на детето од Штип кое е заразено со коронавирус.
„Земени се брисеви и се тестираат родителите и бабата на четиригодишното дете кое е заразено со коронавирусот“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Детето кое се заразило во градинка во Англија, по пристигнувањето во Македонија, заедно со своите родители биле во самоизолација.
Девојчето е на возраст од 4 години.Во Македонија заразени се 48 луѓе од Ковид 19.