„Се за жена“ е новата е-продавница
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013 14:02
Од денеска нова електронска продавница „Се за жена“ www.sezazena.com е дел од македонскиот пазар за електронска трговија, отворена со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација МИОА.
Се за жена е единствена е-продавница во Македонија со еколошко социјална димензија во работењето. Профитот од работата, нејзиниот основач Организацијата Обука за одржлив развој (ОРТ) ќе го вложи во еколошки и хуманитарни кампањи од што очекува отворање работни места.
- Со секој купен производ или третман од сајтот се за жена купувачите ги помагаат еколошките и социјалните кампањи на здружението ОРТ. Освен комерцијален, продавницата има и социјален, хуманитарен и еколошки карактер, односно ја заштитува животната средина и помага во отворање работни места, оцени заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.
Според неа, sezazena ќе и помогне на модерната жена за пократко време да добие повеќе производи и услуги, без чекање во редици.
Новиот сајт нуди производи и услуги од повеќе категории, козметика, фризури, модни додадоци, рачни изработки, лекарски совети, едукација, производи за здраво живеење. Се нуди и козметика и алати за мажи, како и рубрика за деца, информира Биљана Стевановска, директор на ОРТ.
www.sezazena e дел од 31. електронска продавница отворени преку проектот на МИОА, со кој овозможи бесплатна изработка на сајтот за кој се конкурираше со бизнис план. Утре истекува рокот за пријавување нови бизнис идеи за изработка на уште 50 електронски продавници, што планира да ги поддржи МИОА во текот на годинава.
- Со вакви проекти се креираат бизниси и работни места и сите млади претприемачи треба да ја искористат можноста, посочи заменик-министерката за информатичко општество.
Според податоците што ги презентира, електронската трговија во Македонија бележи брз раст. Од десетина електронски продавници во 2010 година, лани на пазарот работеле 250. Минатата година 50 проценти од делопвните проценти имале сопствена веб локација, а 10 проценти овозможувале он-лајн нарачки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





