18 Декември, 2025
0.0657

Се забавува економскиот раст на Кина

Објавено во: Свет 02 Март, 2013 16:30

Добивај вести на Viber

Растот во кинескиот производствен сектор се забави до 5 месечно дно во февруари, со што се заматија очекувањата за брзо економско заздравување, пишува „Financial Times“. Официјалниот индекс на менаџерските набавки (PMI) - важен индикатор за индустриската активност во земјата, беше намален до 50,1 поени во февруари од 50,4 поени во јануари. Вредности над 50 поени одбележуваат раст. Во третото тримесечје од минатата година забавувањето на кинеската економија го достигна своето дно и оттогаш повторно гледаме одредено забрзување, поддржано од растот на кредитирањето и владините стимулации. Стравувањата за инфлација и повисоките цени на становите го натераа Пекинг да ја затегне монетарната политика во изминатиот период, па според аналитичарите на ови веројатно и се должиат слабите резултати на последниот индекс. „Закрепнувањето останува кревко и може да биде доведено во прашање ако кредитните услови бидат заострени", вели Лиу Лига, економист на „ANZ“. Минатата недела Кинеската централна банка повлече од економијата на земјата 910 милијарди јуани, за да се спротивстави на кредитниот бум од јануари. Истовремено неколку кинески градови почнаа да ја зголемуваат цената на кредитите, кои ги обезбедуваат на оние што го купуваат својот прв дом, откако стана очигледно дека цените на недвижностите растат премногу брзо. „Очекуваме владата да го намали кредитниот раст", вели Луис Куиџ, економист на „Royal Bank of Scotland“. Податоците од Кина се силно поместени во првите 2 месеци од годинава поради празниците околу Кинеската Нова година, која во 2012 година беше во јануари, а оваа година се слави во февруари.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина