Добивај вести на Viber
Управата за јавни приходи стави привремена бломба на познатата сендвичара „Седмица“ зад грчката Канцеларија за врски.
Објектот добил забрана за вршење на дејност во следните 30 дена. Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата.
На затворениот објект, газдата ставил писмено известување дека кој сака и понатаму да ги користи нивните услуги, може да купи сендвич од нивните сендвичари во „Три Бисери“ и таа во Градски ѕид.