Се зголемила продажбата на средства за сексуални задоволства во време на Ковид-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Мај, 2020
Пандемијата на коронавирус ги натера граѓаните да си обезбедат средства за лична заштита. Граѓаните уште на самиот старт на пандемијата се стрчнаа кон аптеките и изграбија ракавици, маски и средства за дезинфекција.
Но, не порасна продажбата во аптеките само на средствата за заштита од пандемија. Според нашите три соговорнички фармацевтки, од средината на март, па се до денес околу 30 % е зголемена и продажбата на средствата за зголемување на сексуалното задоволство, но и на средствата за заштита од бременост и заразни полови болести.
На територијата на Скопје продажбата на презервативи, виагри, лубриканти и лекови за контрацепција се зголемила за 30 %. А додека во југоистокот од земјава продажбата на средства за сексуално задоволство пораснало за околу 20 %.
Фармацевтот Ј. С од Скопје вели дека зголемената продажба на презервативи, виагра и лубриканти е сосема очекувана.
„ На самиот старт на пандемијава , по само 15 минути од прогласувањето и воведувањето на мерките граѓаните „навалија“ во аптеките. Купуваа средства за заштита, ракавици, маски, средства за дезинфекција, но исто така купуваа и поголеми количини на витамини, особено витамин Ц, но и други суплименти за зголемување на имунитетот. Некои граѓани си обезбедија и аналгетици и антисептици. Поголема побарувачка на средства за поголемо сексуално задоволство се почувствува во средината на март, поголемата продажба продолжи и во април, се продава и денес“, вели фармацевтката А.С од Скопје.
Кон средината на март средствата за заштита од коронавирус скоро и да ги немаше низ аптеките, дефицитот на овие средства се почувствува низ целата земја.
„ Во овој период, откако владата донесе рестриктивни мерки за движење, откако луѓето останаа дома од разни причини, некои за жал изгубија работа, некои користат стари одмори, а некои работат од дома, прво почнаа масовно да се продаваат маски, ракавици и средства за дезинфекција. Кон средината на март се ова што набројав беше дефицит. Во мојата аптека овие производи практично ги немаше да се купат. Но, од почетокот на април пак, забележителна е и продажбата на други производи и сосема рабирливо, бидејќи луѓето се дома. Се повеќе се продаваат кондоми и лубриканти, за поголемо сексуално доживување. Повозрасните, пак, би рекла, на возраст од над 60 до 65 години купуваат и вијагра. Во споредба со лани овој период, продажбата на овие производи е за некој процент поголема“, вели А.И. која има приватна аптека
И во југоистокот од државата има зголемена продажба на презервативи, виагри и лубриканти и таблети за контрацепција, вели за Женски магазин фармацевтот М.П од Струмица.
„ Да и во Струмица има зголемен број на средствата за сексуално задоволство. Помладите купуваат повеќе презервативи, кај повозрасните исто така е зголемена побарувачката за виагра. Околу 20 % е зголемена продажбата на лубриканти, презервативи, виагри и таблети за контрацепција во Струмица, за разлика од претходните месеци, но и поголема е побарувачката на средствата за сексуално задоволство и од месеците март и април минатата година“, вели М.П фармацевт од Струмица.
На социјалните мрежи на почетокот од пандемијава граѓаните споделуваа слики од купени големи количини на брашно, масло за готвење и останати основни продукти, овие намирници во еден период буквално ги немаше на полиците низ маркетите, но овие фармацевти велат дека се зголемила продажбата и на средствата за сексуално задоволство.
Н. Миланова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.