17 Мај, 2024
0.0338

Се зголемува производството на органска храна

Објавено во: Агробизнис 02 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Органското производство е се повеќе барано и присутно во исхраната кај Македонците. Бројот на производители на органска храна во земјата се зголемува, а се зголемуваат и субвенциите за нив. Според податоците на Министерството за земјоделство, бројот на производители на органска храна минатата година достигнал 580, за разлика од пред пет години, кога имало само 150 производители. Зголемени се и сертифицираните површини од 500 на 4.700 хектари. Граѓаните денеска имаа можност да ги вкусат овие производи на шестиот по ред „Фестивал на органска храна“ што го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. Според него, Македонија има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделскко производство. Владината поддршка за овој вид производство ќе продолжи, како и националната кампања за значењето на органската храна, рече тој: „Почнувајќи од 2007 година, кога беа потрошени 11 милиони денари од буџетот на Република Македонија за финансиска поддршка на органското производство, за само четири години се зголеми за 10 пати, односно се реализираа 110 милиони денари. Висината на поддршката секогаш ја одредуваме во соработка со сите форми на земјоделско здружвување и во согласно со потребите на производителите кои добиваат за 30 проценти повисоки субвенции во однос на конвенционалните производители“, истакна Димовски. Производителите велат дека интересот на граѓаните за ваквиот вид храна е се поголем. Посочуваат дека станува збор за здрава храна без додатоци. Органската храна е произведена од суровини кои немаат адитиви и конзерванси. Цената на овие производи е повисока затоа што се работи за здрави производи без додатоци.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?