Себастијан Курц в недела доаѓа во Македонија
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017
Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц в недела ќе дојде во Македонија.
Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, а ќе ја посети и границата кај Гевгелија во својство на претседавач на ОБСЕ.
Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан од синоќа е во Скопје за министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на енергетиката, а ќе се сретне и со лидерите на политичките партии.
Инаку, Попоски и Курц кон крајот на 2016 година усвоија Акциски план „Австрија – Македонија 2017“.
Во Планот се опфатени заеднички проекти за практична соработка во повеќе области – европска интергација, економија, животна средина, култура, образование и наука.