05 Декември, 2025
0.0358

Седница на Националниот совет за претприемништво и конкуретност

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 12:54

Добивај вести на Viber

Иновациите и областите од индексот за глобална конкуретност беа тема на денешниот состанок на Националниот совет за претприемништво и конкуретност. Договорено е да се обезбеди засилено имплементирање на Стратегијата за иновации која неодамна беше усвоена од страна на Владата и да се работи на развивање на мерки за подобрување на конкуретноста кои потоа би се доставиле како предлози до Владата.
- Националниот совет за претприемништво и конкуретност на Република Македонија преку своите комитети и работни групи ќе земе директно учество во спроведувањето на активностите предвидени во Стратегијата за иновации и во акциониот план кои се насочени кон прилагодување на структурата на образовниот кадар со потребите на стопанството, зголемување на соработката меѓу високообразовните институции и деловната заедница на полето на иновациите, трансфер на технологии и истражување и развој, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој претседава со Советот.
Советот е формиран со цел преку дијалог и директна соработка меѓу деловната заедница, образовните институции и Владата да се подобри конкуретноста и иновативноста во домашната економија и притоа да го зголеми животниот стандард и квалитетот на живот на граѓаните. Во него членуваат претставници од приватниот и јавниот сектор, високообразовните институции и невладините организации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката