19 Декември, 2025
0.1567

Сега е добар момент за вложување во акциите на Yahoo!

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2014 09:11

Добивај вести на Viber

Брокерската куќа  FXLider  на сите читатели на Фактор им подарува  50 долари за почеток на тргувањето на светски берзи. Покрај се поострата конкуренција на пазарот на нови технологии во интернет индустријата, Yahoo продолжува да се бори. Неодамна е најавено вложување од 10 милиони долари во истажувачки проект по име  InMind кој би требало да ги креира и тестира услугите на новите генерации за мобилни телефони  од асистенски тип.   По неколку години поминати во борба со проблемите, во текот на 2013 година  Yahoo сепак се сврте кон раст, иако умерен. Според зборовите на  Marisse Mayer, директорка на компанијата, очекувањата се оптимистички. Кога сè ќе се земе предвид, не е за изненадување што многу инвеститори сметаат дека токму сега е добар момент да се почне повторно да се вложува во акциите на оваа компанија. ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗЕМЕТЕ ПОДАРОК ОД  50$ И ТРГНЕТЕ ДА ТРГУВАТЕ НА БЕРЗА Yahoo, американската интернет корпорација глобално е позната по својот  web портал, пребарувачот и пропратните услуги меѓу кои е и  Yahoo mail, Yahoonews, Yahoofinance и многу други. Во Америка  Yahoo е еден од најпопуларните сајтови. Се смета за најуспешна startup компанија на сите времиња, по пазарната капитализација, приходите, растот и културното влијание. Околу 700 милиони луѓе ги посетуваат  Yahoo сајтовите секој месец на преку 30 јазици. Според ’comScore’ во јули  2013. godine Yahoo успеал по бројот на посети да го надмине  Google што е првпат од мај 2001 година. Во деведесетите години на минатиот век  Yahoo остваруваше значителен раст, како и останатите web пребарувачи.
“Цените на акциите имале фантастичен раст во текот на  “.com“ меурот кога цените на акциите на многу интернет компании достигнале нереално високи вредности. Рекордно високата цена од  $108,17 достигната е во декември 1999 година. Меѓутоа откако меурот пукна во септември 2001 година ненадејниот пад ја спушти цената на дури  $3,98 што  од тој период  до денес останала најниска цена“, вели Неда Трпкова,сениор експерт во  FXLider.
Во 2000 година Yahoo почнува да го користи Google за web пребарувања и во наредните 4 години ги развива и сопствените технологии за пребарување кои почнува да ги користи. Како одговор на Googlе-овиот Gmail, Yahoo почнува да нуди неограничен простор за складирање на електронската пошта во 2007 година. 2008 година за оваа компанија беше прилично тешка. Во текот на оваа година Microsoft понуди  $44,6  милијарди за да ја купи. Понудата била одбиена со образложение дека нејзината вредност фундаментално е потценета и дека продажбата под овие услови не би била во интерес на акционерите. Проблемите на компанијата продолжуваат. Во 2012 година многу дотогашни раководители ја напуштија компанијата, а во април 2012 Yahoo објави дека ќе укине  2000 работни места или 14% од дотогашните 14.100 работни места. Со ова намалување се очекуваше заштеда од  375 милиони долари на годишно ниво. По овој потег дојде до комплетна реорганизација на компанијата. Кадровските промени продолжија и во јули 2012, а на местото на претседател и извршен директор е поставена  Мариса Мајер која до тогаш работела во Google. Таа на оваа позиција е и денес. Следеле и подобри денови за компанијата. Во мај 2013 година одборот го одобри купувањето на блог сајтот Tumblr  за 1,1 милијарди долари. Следеле уште неколку аквизиции и  Yahoo фати чекор со новите трендови во технолошката индустрија. Меѓутоа, стравот од можното повторно забавување ја наведе Мајер минатиот месец  да го отпушти Хенрике Де Кастро од местото COO (chief operating officer) само 15 месеци по неговото преминување од Google. „Компанијата продолжи да лансира нови производи и да ги редизајнира своите сајтови со цел подобрување на корисничкото искуство. Резултатите од последниот квартал во 2013 година биле мешовити. Заработката по акции драстично ги надмина прогнозите на WallSreet и достигна 0,46 долари по акција наспроти очекуваните  0.38 долари, а кога се приходите во прашање дојде до пад од 6% на 1.26 милијарди долари“, наведува Трпкова.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии