Сега Јовановиќ тврди дека Македонија нема превработена администрација
Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2017 21:45
За Бранимир Јовановиќ јавната администрација која изнесува од 18% од вкупно вработениот број на луѓе во Македонија е еден од најниските во Европа ако се направела споредба на пример со Словенија каде процентот на јавна администрација изнесувал 30% од работната сила која има работно место или Данска со 35%.
Ваквите тврдења на советникот во министерството за финансии беа дадени за време на верашната дебата на „Анализа“ на ТВ 24 и се големо изненадување бидејќи на некој начин го оправдуваат огромниот број на вработени под државна капа за кои годишно од буџетот се издвојуваат стотици милиони долари.
Јовановиќ кој беше дел од повеќе институти, движења за солидарност, како и партијата Левица, често говореше дека негова главна политичка определба меѓу другото е да се искористат државните пари за одговорни политики на власта, за поголеми капитални ивестиции и корисни проекти наместо за плаќање на партиски војници во државните институции.
Стручната јавност во изминатите години укажуваше дека бројот на вработените во јавната управа преминува 40 проценти од вкупно вработените во државата. Буџетот секоја година како и оваа се крои за да ги задоволи потребите на вработените во јавната администрација како и за социјалните трансфери кои вкупно надминуваат 2 милијарди долари и тоа не може да се смени преку ноќ, а исто така во предвид се земаат и покачувањата на плати на годишно ниво.
Мора да се размислува за ставање лимит за нови вработувања во јавната администрација и да се оди кон подобрување на ефикасноста на веќе вработените кадри кои треба да обезбедат поквалитетна услуга за граѓаните, а исто така да се спречи и трендот на наградување на партиските војници со масовни вработувања по добиени избори. Токму ваквите негативни појави Јовановиќ како економски професор и левичарски активист ги критикуваше додека беше дел од опозициското движење.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





