05 Декември, 2025
0.2715

Сеидбата на тутунот доцни, дождовите ќе го намалат производството

Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2015 07:24

Добивај вести на Viber

Лошите временски услови го пролонгираа расадувањето на тутунот. Тутунарите велат дека почвата е презаситена од вода, поради што не можат да почнат со расадувањето на семето. Доколку времето не се подобри оваа недела состјбата ќе биде уште потешка, не само што ќе се доцни со расадот, туку дополнително тможно е да се пролонгираа созревањето и бербата на годинешниот тутун. Според проценките годинава се очекува намалување на производството на тутун. -За околу 10 проценти очекуваме да има намалување на производството.Времето е лошо постојано врне, почвата е презаситена од вода. Не може ниту да се исуши за да можеме да влезе и да почнеме со расадувањето.Лани овој период тутунот веќе беше 50 отсто поникнат, сега и онаму каде што има понукнување тоа е околу 10 проценти.Сеењето ќе се пролонгира а тоа може да влијае и врз пролонгирање на бербата на тутунот. Особено е лоша состојбата во оние региони каде имаше поплави како Пелагонискиот, но вренежи има сега и во другите регионо, што ја отежнуваат работата, односно не дозволуваат да ги извршиме потребните земјоделски активности. Ако до 15-ти овој месец не се подобри состојбата, ќе биде тешко. Времето не дозволува да ги подготвиме нивите. Да се надеваме барем дека пред берба нема да има дождови, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженија на тутунари. Не само во Пелагонскиот регион, сеидбата на тутунот доцни и во скопскиот регион. Тутунарите велат дека го користат секој ден кога нема дожд за да можат да го подготват расадот. Кај нас во скопско Количани врне снег, така што тоа уште повеќе ја проблематизира состојбата. Расадот ќе доцни и тоа сигурно ќе се одрази понатаму и во другите фази на развој на тутун. Ќе биде доцна засаден, што ќе значи задоцнета берба а може да има и потфрлување на квалитетот. Состојбата е слична како лани и тогаш имавме проблем со временските услови, вели Алија Сали, претседател на Здружението на тутунари од скопско Студеничани. Агроекспертите советуваат земјоделците да користат секој ден кога нема дождови за да можат навреме да ги извршат сите потребни активности поврзани со расадот за тутун. Оваа година е со ниски температури, дождови и снег, што секако ќе го пролонгира сеењето. Но сеуште има време, оптималните рокови се до 15-ти Април, да се надеваме дека времето ќе се поправи. Ако повторно биде облачно и врнежливо и ако таквото време продолжи и следниот месец тогаш можно е да има и појава на болести што може да доведе и до пролонгирање на зреењето на тутунот. Рано е да се дадат проценки за тоа каква ќе биде реколтата, да се надеваме дека во периодот пред и за време на бербата временските услови ќе бидат на страна на земјоделците, вели професор д-р Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна. Тутнарите ги намалуваат површините со тутун, на дел им доцнат субвенциите Годинава според проценките на тутунарите ќе има намалување на производството на тутун, а како главни фактори ги посочуваат лошите временски услови и ниските откупни цени за тутунот. Од тутунарските здруженија велат дека во дел од регионите каде што најмногу се одгледува тутун, земјоделците веќе се октажале од оваа култура поради ниските откупни цени. -На пример во општината Конче што важи за голем производител на тутун, многу од земјоделци се откажаа од садење на оваа култура поради ниската откупна цена, а многу од луѓето од селата во оваа општина си заминаа во странство во потрага по подобра егзистенција. Во оваа општина производството ќе биде за 70 отсто помало.Така што освен лошите климатски услови и ниската цена е еден од клучните фактори поради кои земјоделците не сакаат да садат тутун и се преоринтираат на други култури. Лани просечната откупна цена беше 117 денари за килограм тутун, тоа е катастрофа со таа цена не може ниту основните трошоци да се покријат. Тутунот исто поради лошото време не беше со добар квалитет и и поголемиот дел беше проценет на пониски класи. Влеговуваме во нова производна година, со нови трошоци а нас ни останаа само субвенциите. Ако лани имаше издадено 13.400 евидентни листови, годинава оваа бројка е намалема на 11.000, тоа доволно кажува. Нашето барање до откупувачите е да се зголеми откупната цена за третата класа, бидејќи годинава голем дел од тутунот очекуваме да биде таа класа, и за нејзе откупната цена треба да биде 137 денари за килограм. Имаме информација дека откупувачите може да понудат повисоки откупни цени, ќе видиме како ќе биде, вели Милески. На терен има девет откупни претпријатија, а според информациите на тутунарите најверојатно на пазарот ќе влезе и нов откупувач, што за тутунарите е добредојдено бидејќи ќе има конкуренција. Договорите веќе се склучени, и како што велат тутунарите има намалување. -Ако лани во општина Студеничани имаше склучено 450 договори, годинава се склучени само 150 договори. Во 2013-та година во овој регион се откупија 315 тони тутун, а лани 110 тоно помалку, иако претходно се зборуваше дека има вишок тутун. Цена од 117 денари за килограм тутун ние не постигнавме, кај нас тутунот се откупуваше по 100 денари за килограм. И што побрзо да се направи со тие пари? Треба да платам концесија за земјиштето од 9.000 денари Дополнително сеуште не сме ги земале субвенциите за предадениот тутун од реколтата 2014-та. Лани иако прво се зборуваше за вишок, но имаше многу малку и се откупи. Рентабилна откупна цена за нас за да може да се покријат трошоците и заедно со субвенциите да имаме исплатиливо производство е 160 до 170 денари за килограм, објаснува Сали. Наместо планираните 30.000 тони тутун, во реколтата 2014 –та се произведоа и откупија 25.000 тони тутун. Според тутунските здруженија, откупните фирми не можеле да  ги исполнат планираните колични за преработка за ова сезона, бидејќи на пазарот се почуствуал недостиг. Тутунот е извопзно ориентирана гранка, за која се доделува и највисока субвенција од 60 денари за килограм. Од 2008 година производството на тутун белчежи пораст. Вкупното производство во 2008 година изнесувало 17.056 тони, а во 2012 година изнесуваше близу 28.000 тони што е за 33% повеќе од претходната 2011 година, додека реколатата 2013 со 32.000 тони беше најголемото производство во последните 10 години. Просечно за период 2007-2011 година нето билансираниот извоз изнесува 16. 384 тони тутун во вредност од 84,8 милиони долари. Македонија како и многу земји во светот кои истовремено се производители на тутун и тутунски производи е истовремено извозник и увозник на тутунски производи. Ако се собере позитивниот ефект од извозот на тутун и тутунски производи тој просечно за анализираниот период изнесува околу 100 милиони долари чист нето извоз од кој 85 % е остварен од извозот на обработен тутун, а само 15 % од извозот на цигари, а заедно тие преставуваат солиден девизен прилив и делумно го покриваат хроничниот дефицит во увозот на прехранбени производи. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?