16 Декември, 2025
0.0628

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2024 07:04

Добивај вести на Viber

Појавата на финансиските проблеми значително се одразува на психичкото здравје на луѓето. Поради немање на пари,  се намалуваат можностите, а со тоа расте и незадоволството. Стресот е она што ги мачи поединците кои имаат проблеми со финансии.

Психологот Лариса Стојковиќ-Трајкоска вели дека луѓето се окупирани со парите. Додава дека парите на луѓето им овозможуваат да преживеат, да опстанат, да се развиваат, и најважното, со парите имаат многу поголем избор.  Психологот вели дека секој поединец се стреми кон стекнување на капитал, независно од неговите ставови.

„Капиталот е еднаков на статус, а тоа е еднакво на регулација. Богатството е регулативен елемент, а со тоа е и фактор на лична стабилност. Во нашето општество, како и во секое друго општество има серија на модели на „богати“, модел кој се однесува на сите аспекти на човековото живеење, модел на сè, каква куќа поседува, каде се движи поединецот, со кого се дружи, какви ставови има, како живее. Последица на модел е слобода од притисок. Доброто управување со финансиите е дел од животната филозофија на успехот и среќата. Само финансиите нема да го направат човекот среќен, исто така како што е јасно дека без финансии и со долгови на врат, тешко може да се постигне и успех и среќа. Поради тоа е важно, да се научи ефективно и ефикасно да се управува со финансиите, макар и со сопствениот куќен буџет. Повеќето луѓе во својот живот, порано или подоцна стекнуваат пари и имот, но не научуваат како да штедат, кога и како да се инвестира и кога и како да се задолжува. Затоа кај нас сиромаштијата после богатство влегува во старите традиционални модели, да имаш, па да немаш. Тоа е страшно и значи дека си ја загубил моќта, а загубата на моќта е еднакво на старост, болест, несреќа“, вели Стојковиќ-Трајкоска.

Додава дека парите сами по себе не го расипуваат карактерот на поединците, но нивното стекнување, влијае луѓето да покажат какви се навистина како личности. Постојат и луѓе кои внатрешната празнина ја пополнувале со создавање на капитал и загубата ги прави несреќни, депресивни, осамени.

Психологот вели дека има и луѓе кои создаваат приходи за егзистенција во согласност со своите можности и тие се свесни дека може да се случи ризик, губиток на пари и полесно ја поминуваат состојбата поради здраворазумен пристап.

„Квалитетот на животот е сè она што го чини животот на поединецот вреден за живеење. А поединецот е тој што проценува што е она за што е вредно да живее, и како да реагира на недостаток на она што за него е вредно, во нашиот контекст, недостаток и губење на финансии. Во зависно од претходно наведеното, различно реагираат и со различен интензитет реагираат различни поединци, некои со висок ризик на телесниот систем, поврзано со широк спектар на физички и ментални болести, од кардиоваскуларни болести до депресија, зависничко однесување, а некои самата ситуација ја користат како момент на пресврт во нивното живеење“, објаснува психологот.

Таа вели дека многу е важна и вербата на луѓето во своите способности, дали пак можат да ги стекнат парите. Многу истражувања покажале дека финансискиот стрес, влијае на имунолошкиот, нервниот и хормоналниот систем. Кога имунолошкиот и ендокриниот систем добро функционираат, здравјето се одржува, а хроничниот стрес може да доведе до појава на болести. Психологот вели дека парите можат многу повеќе да купат среќа за разлика од сиромаштијата, но важно е како тие пари се стекнати. Објаснува дека смислата на животот е поважна од парите, целта е поважна од моќта, а давањето е многу поважно од земањето. Истражувања кои се правени со децении во светот покажале дека финансискиот стрес ги нарушува и односите во домот. Дури финансискиот стрес го попречува и рационалното размислување кај луѓето.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/user18526052

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“