„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2024 17:49
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека следниов период ќе следат уште кривични пријави за злоупотреби во рамки на институциите. Според него, со апсењето на припрадникот на МВР кој поминувал патарина без да плати, не е „удри по самарот, ако не можеш по магарето,туку пример дека секој мора да ги почитува законите“.
- Постапките на злоупотреба на службена положба и овластување на ваков начин се срамни. Патарина мора да плаќа секој еден вработен во Министерството за внатрешни работи - рече Тошковски.
Во врска со имплементацијата на проектот „Сејв сити“, министерот рече дека сѐ уште не се поставени доволен број на камери на територијата на Град Скопје, но напомна оти колку порано ќе се имплементира овој проект, толку подобро ќе биде за сите граѓани.
- Сѐ уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на Град Скопје, како што е утврдено во проектната документација. Во наредниот период ќе следи имплементација согласно она што е договорено и е испланирано од претходно. Повеќе пати го имам објаснето значењето на „Сејв сити“ како проект, кои се бенефитите од имплементација на истиот и колку може порано да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас, имајќи предвид дека жртви на сообраќјни незгоди во Македонија на годишно ниво имаме со троцифрен број - рече Тошковски.
Потребни се одредени законски измени, додаде, за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.
- Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект - рече Тошковски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
„Обвинетите се договорале и кородинирале со цел да си остварат користољубие“: обвинителство за судењето во случајот со убиството на Вања и Панче
ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ: Силјановска не го открива името на идниот гувернер

ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата
