29 Септември, 2024
0.0268

Секој (не)кредитоспособен во Македонија бил „обработен“ лани

Објавено во: Економија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Речиси секој македонски граѓанин што е, или што мислел дека е кредитоспособен бил проверен од македонските банки, финансиските друштва за брзи кредити и теекомуникациските оператори за тоа каква е неговата солвентност преку системот на податоци на Македонското кредитно биро во 2018.

Лани издадени се вкупно 871.495 вакви „обработки“ што претставува пораст од 42,3 отсто во споредба со минатата година. 857.364 „скенирања“ биле за поединци и 14.131 за фирми. Банките и во 2018 година се најголеми корисници на извештаите за моѓностите и обврските на правните и физички лица. Вкупниот број на издадени извештаи за банки изнесува 553.803 што претставува 64 отсто од сите издадени.

- Во споредба со минатата година издадени се за 36,8 проценти повеќе извештаи за банките. Зголемувањето се должи на зголемениот интерес за извештаите кај сите банки, велат од бирото.

Финансиските друштва, чии типични претставници се оние за брзи кредити, се позиционираа на второ место со учество од 20 отсто во вкупно издадените извештаи. Вкупниот број на обработени податоци за нивните потенцијални клиенти изнесува 173.639 што претставува пораст од дури 193,4 проценти во споредба со минатата година што го потврдува големиот интерес за нивните услуги кај оние што се задолжуваат.

Телекомуникациските оператори се трети по големина корисници на овие услуги со учество од 12%. Во 2018 година издадени се вкупно 103.143 извештаи, што претставува пад за 11,5% во споредба со минатата година, бидејќи потребата од тоа кај телекомуникациски оператори Оне.Вип и Македонски Телеком е намалена.

Реалниот сектор е четврт по големина корисник на податоци, чие учеството во вкупно издадените извештаи изнесува 4%. Најголеми корисници се компаниите од секторите за потрошувачки добра и малопродажба. Вкупниот број на издадени извештаи изнесува 30.959, што е за 24,2 отсто зголемување во споредба со 2017 година како резултат на зголемена побарувачка за производите кои ги нудат компаниите од малопродажбата.

Граѓаните барале и сопствени извештаи за тоа каква е ситуацијата со нивната блокирана сметка и тоа  продолжува да бележи постојан пораст од година во година. Во 2018 година се издадени вкупно 1.976 вакви извештаи или за повеќе од една третина во однос на една година претходно.

Македонско кредитно биро обезбедува кредитно рангирање на кредитобарателите, обезбедување податоци и од јавни книги и регистри и други јавно достапни податоци за нив, како и податоци за секоја блокада и деблокада на трансакциска сметка. За овие услуги наплатило 51 милион денари од нарачателите.

А.К.







Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија