29 Септември, 2024
0.0346

Секој трет Германец ja сака Грција надвор од еврозоната

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Околу половина од Германците се против ублажување на долгот на Грција, додека во исто време тројца од десет анкетирани сакаат задолжената земја да ја напушти еврозоната, покажуваат резултати од студија. 

Според анкетата на компанијата за студии INSA по нарачка на весникот „Билд", 46,4% од луѓето што живеат во Германија, сметаат дека олеснувањето на грчката должничка тежина би било нефер за другите земји - членки од единствениот монетарен блок. Само околу една петтина (или 18,4%) од испитаниците не го делат ова мислење, додека 9,1% изјавиле дека ова прашање не ги интересира.

На почетокот на неделава, Атина, нејзините кредитори и Меѓународниот монетарен фонд се согласија да продолжат со преговорите по подолг застој во однос на прегледот на третата спасувачка програма за Грција.

Шефот на ММФ, Кристин Лагард, пак, во средата изјави дека за грчкиот долг се потребни мерки за негово реструктуирање и за намалување на каматните плаќања по заемите доделени на Атина. 

Треба да се има предвид дека владата на Германија, која се подготвува за парламентарните избори на 24-ти септември, е против идејата за простување на грчкиот долг.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија