05 Декември, 2025
0.0310

Секој трет македонец живее во сиромаштија

Објавено во: Економија 11 Јули, 2012 13:41

Добивај вести на Viber

  Секој трет македонец живее во сиромаштија. Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека лани 30,4 отсто од населението било сиромашно. Според бројките анализирани во извештајот на Заводот за статистика дури 46 отсто од сите сиромашни во земјава се невработени лица. Најранливи се семејствата што имаат повеќе членови а бројот на сиромашни зависи и од степенот на образование. Па така 48,5 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови а 54,6 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои немаат завршено никакво образование или имаат завршено најмногу основно образование. Бројот на сиромашни е незначително намален во однос на 2010 кога изнесувал 30,9 отсто како и во однос на 2009 година кога изнесувал 31,1 отсто. Домашната експерска јавност сугерира дека е потребна долгорочна стратегија, каде ќе се реазвиваат економски капацитети според реалната потреба и структура на населението. -Ад хок решенија нема да ја намалат сиромаштијата, исто така и добивањето на социјална помош се моментлни решенија кои може да влијаат само за краток период, но проблемот ќе остане. Генерално и на глобално ниво, сиромашните луѓе се најманипулираната популација. Исто е и кај нас, сиромашните најлесно можеш да ги манипулираш, тие бараат милосрдие оти се во една беспомошна состојба. Јазот меѓу богати и и сиромашни постојано се зголемува, но дефинитивно проблемот може да се санира со долгорочна политика од која нема да има отстапување и во која научни и стручни тимови ќе анализираат и ќе нудат решенија. Секако ваквата слика преку ноќ не може да се промени, туку потребно е да поминат неколку генерации за да можеш да влијаеш на нивната свест – изјави неодамна за „ДЕН“, Весна Димитриевска, универзитетски професор. Од министерството за труд и социјална политика пак тврдат дека образованието и вработувањето се двете алатки преку кои настојувале да го прекинат генерациското пренесување на сиромаштијата што е карактеристично кај социјално загрозените семејства и се пренесува од колено на колено. Токму заради тоа е и воведувањето на здолжителното средно образование, сметаат од министерството за труд и социјала. . Заводот за статистика направил и споредба за тековната финансиска состојба на домаќинствата со онаа од пред една година. Според овие податоци 44,5 отсто од домаќинствата се во истата состојба, додека 32,1 отсто имаат малку полоша финансиска состојба во однос на 2010 година а 17,6 отсто од домаќинствата се наоѓаат во многу полоша состојба.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети